Контакт

Македонија

Граѓанскиот суд в четврток ги отвора вратите за граѓаните

Објавено пред

По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Основниот суд Скопје 2 Скопје организира отворен ден за граѓаните со цел поблиску да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки, соопштуваат од судот.

Настанот, се додава во нивното соопштение, ќе се одржи в четврток, во свечената сала на Врховниот суд, со почеток во 10 часот.

Македонија

Потпишан протокол за соработка со Бугарија во борбата против трговијата со луѓе

Објавено пред

Со Бугарија денеска беше потпишан протокол за заедничка соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе.

На потпишувањето присуствуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој рече дека борбата пртив организираниот криминал не познава граници, што нѐ упатува на заедничка акција.

„Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“, рече министерот Оливер Спасовски.

Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија во областа на борбата против трговијата со луѓе отвара нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

„Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност за интензивирање на размената на информациите во однос на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и за спроведување на заеднички активности за идентификација на новите трендови за трговија со луѓе и креирање на погодни механизми за соодветен одговор. Исто така, со овој протокол се отвараат можности за спроведувањето заеднички јавни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за превенција на трговијата со луѓе, како и спроведување на заеднички проекти, обуки и размена на искуства со цел јакнење на капацитетите за борба против трговија со луѓе“, рече Спасовски.

Покрај засилената регионална соработка, Република Северна Македонија настојува во континуитет да ги зајакнува и своите национални капацитети за борба против трговија со луѓе.

Вицепремиерот Каракачанов потенцира дека потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

„Република Северна Македонија има пријател и поддржувач во Република Бугарија“, рече Каракачанов.

Спасовски и Каракачанов ја потенцираа одличната соработка меѓу двете држави, која ќе продолжи и во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маж со пушка се шета кај Кванташки пазар, очевидци тврдат дека убива кучиња

Објавено пред

Возрасен маж е забележан со пушка во околината кај поранешна А1 телевизија, кај Кванташки пазар. Очевидци тврдат дека тој убива кучиња скитници, а на социјалните мрежи се објавени фотографии од него и од неговото возило.

Според објавите на „Фејсбук“ тој е пријавен во полиција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Катица Јанева се појави во СЈО

Објавено пред

Шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО. Таа на работа стигна со службено возило, а влезе низ гаражата.

Засега не е познато дали е прекинато боледувањето на Јанева, но познато е дека ќе се сретне со колегите обвинители кои се оградија од неа во вторникот откако се отвори истрагата за случајот „Рекет“ каде таа се поврзува, но засега не е осомничена.

Јанева од минатиот понеделник, 15 јули, не оди на работа, а потоа беше соопштено дека таа отворила боледување. Истиот ден откако таа престана да доаѓа на работа беа приведени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец осомничени за рекет на скопски бизнисмен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Катица Јанева се појави во СЈО

Шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО. Таа на работа стигна...

Македонија2 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ2 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија2 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија3 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија4 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија4 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион4 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија18 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија20 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија20 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија21 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија22 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Досие