Македонија
Грковска: Соработката е клучен фактор за справување со хибридните закани и за побезбедна дигитална трансформација на општеството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/thumbnail_20092023_ZPVRSM_Grkovska-3.jpg)
„Со брзиот напредок во технологијата сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано, а одвивањето на процесот на дигитална трансформација треба да се сфати многу сериозно од сите страни. Во таа насока новото предлог-законско решение за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи и дигиталната трансформација, кое вчера го разгледувавме на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството со кој раководам, превидува формирање посебна агенција, која ќе биде надлежна за оваа проблематика“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на регионалниот дијалог за сајбер-политики, кој денеска се одржува во Скопје.
Вицепремиерката се осврна на напорите што нашата земја во изминатите години ги презема на ова поле целејќи кон создавање и зајакнување на капацитетите, координација на донаторската поддршка и меѓународна соработка, со која како држава ги зголемуваме способностите за справување со комплексните предизвици поврзани со сајбер-безбедноста.
Зборувајќи за хибридните закани што ги загрозуваат демократските општества и ја рушат довербата во регионот на Западен Балкан, Грковска се осврна на сајбер-нападите врз ИТ-инфраструктурата и дигиталните услуги, како и на дезинформациите што ги експлоатираат постојните разлики, шират страв меѓу граѓаните и пропагираат недоверба во демократските институции.
„Време е сите влади во регионот и сите фактори во нашите општества да стават поголем фокус на градење отпорност кон хибридното војување, сајбер-нападите и другите закани поврзани со штетните странски влијанија и дезинформациски кампањи. Пристапот, кој ги вклучува сите страни во општеството, е единствениот метод што може да даде резултати и затоа треба да се поттикнува соработката меѓу владите, медиумите и граѓанското општество, како и споделувањето практики и знаења на регионално ниво“, заклучи Грковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.