Македонија
Груби – Гир: Нема простор за евроскептицизам, нема друга алтернатива освен европската интеграција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/GRUBI-GEER-1.jpeg)
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
Безрезервната поддршка што Европската Унија 1 ја дава на Република Северна Македонија во процесите на развој и интеграција, посветеноста на Владата на земјата за понатамошното унапредување на реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа дел од разговорот за време на оваа средба, а исто така се дискутираше и за прославата по повод 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор и пописот на населението, информираат од кабинетот на Груби.
Тој на амбасадорот Гир му ја изразил определбата на земјата на патот кон интеграцијата и важноста на посредувањето на Европската Унија во надминувањето на спорот со Бугарија, а му изразил и благодарност за досегашната заложба за изнаоѓање решение што ќе биде во интерес на двете страни.
Груби, додаваат владините служби, истакнал дека нема простор за евроскептицизам меѓу политичките елити или граѓаните бидејќи сите достигнувања се заеднички и така ќе се продолжи во иднина.
Тој го информирал амбасадорот Гир за зелената агенда, како стратешка ориентација на земјата за подобар живот по нормативното заокружување на сите политички прашања утврдени во Охридскиот рамковен договор и Договорот од Преспа, кои ги поставија темелите за еднаквост, демократија и еднаков економски развој.
Од своја страна, амбасадорот Гир во име на Европската Унија го потврдил учеството на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор.
Двајцата соговорници на крајот се согласиле дека треба да се вложат максимални напори за да се постигне единствената и непоколеблива цел на Република Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.