Македонија
Груби и Царовска договорија измени на учебникот по географија, кој ја навреди албанската заедница

Првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за образование, Мила Царовска, и пратеникот Арбер Адеми се согласија дека неправилностите и неправдите во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование.
Ова се случува откако пред неколку дена група Албанци пред Министерството за образование запалија неколку страници од учебникот по географија.
Од кабинетот на Груби соопштија дека во случајот со овој учебник, но и со другите, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебниците.
„Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ги навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“, стои во известувањето.
Во рамките на оваа одлука, во периодот што следува ќе бидат разгледани сите учебници со цел да се стави крај на овие појави, односно недоследностите во учебниците.
На крајот на состанокот Груби, Царовска и Адеми решија заеднички да ги поддржат реформите во образованието оценувајќи го ова како една од најпотребните реформи за Република Северна Македонија, известуваат од кабинетот на вицепремиерот Груби.
Медиумите на албански јазик во земјата деновиве објавуваа вести за, како што наведуваа, скандалозниот учебник, притоа посочувајќи што точно им пречи на Албанците во Македонија. Имено, тие наведуваа неколку спорни нешта наведени во учебникот.
На 99. страница од книгата, каде што е напишано: „меѓу денешните македонски Албанци има и родови што себеси се сметаат за староседелци. Главно тоа е македонско население, кое во текот на турското владеење го примило исламот и постепено се албанизирало. Меѓу нив, понекаде има и понекој род што потекнува од некогашните Турци, Роми или Черкези“.
И на 104. страница како спорен момент го наведуваат напишаното дека Албанците во Македонија се доселиле во различни периоди, почнувајќи од 1780 година. Но, како што пренесоа медиумите на албански јазик, на оваа страница спорно е и тоа што е напишано: „населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски.
Пред 25 дена тој беше уапсен во Софија, а денеска бугарските власти го испорачаа на граничниот преми Деве Баир. Од таму го презеде македонското МВР и го спроведе во затворот „Идризово“.
При преземањето на гриничкиот премин имаше засилено полициско присуство. Постапката за екстрадиција ја водеше Министерството за правда, а кога, по потерница од МВР, бегалецот Игор Спасов беше уапсен во соседна Бугарија. Тој треба да доиздржи затворска казна од седум години и три месеци во „Идризово“, според веб-страницата на МВР.
За Спасов имаше меѓународна потерница повеќе од една година за доиздржување на затворската казна.
Тој беше пуштен од затворот „Идризово“ на лекување со одлука на штипскиот суд поради лоша здравствена состојба во 2018 година. Кон крајот на септември 2019 година од затворот беше испратено известување до судот дека Спасов не се јавил на доиздржување на затворската казна.
Спасов беше уапсен на почетокот на февруари во софиската населба Младост од страна на бугарската полиција по добиена пријава за семејно насилство. По неговото пронаоѓање, беше известена Македонија, а Министерството за правда за осум дена испрати барање за екстрадиција со сите придружни документи.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Казната затвор ја издржуваше од 2011 година.
По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата. До сега резултати од неа нема.
Македонија
Битола доби парк наменет за домашните миленици

Во долниот дел од Градскиот парк во Битола од денес граѓаните ќе може да ги носат своите домашни миленици во посебен парк, во кој се сместени реквизити за забава на кучињата и клупи за сопствениците, како и специјални канти наменети за отпад од милениците.
„Многу од нашите сограѓани имаат домашни миленици, но во зависност од нивниот простор на живеење досега немале можност да имаат огранизиран простор, каде што ќе ги носат своите миленици. Придобивката е двојна бидејќи милениците имаат каде да се растрчаат и да имаат свои активности, а од друга страна, со самата ограденост, заштитени се другите граѓани. По согледувањата на граѓаните, барање за ваков простор постои и во горниот дел од градот, во Нова Битола. Идејата е добра и ќе даде можност повеќе бидејќи оддалеченоста од оваа локација е голема“, истакна битолската градоначалничка Наташа Петровска.
Паралелно со акцијата за поставување на паркот, ЈП „Комуналец“ обезбеди дополнително осветление на овој простор со цел граѓаните да може да остануваат и подоцна во вечерните часови.
„Би сакал да укажам на правилата што се запишани на поставените табли на двата влеза, да се чува инвентарот, а отпадот од кучињата граѓаните да си го ставаат во кантите за таа намена за да можеме паркот да го одржуваме во добра кондиција“, истакна директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.
Бранко Тасевски, вработен во ЈП „Комуналец“ и претседател на битолското Кинолошко друштво, посочи дека Битола е трет град во државата кој има специјален парк наменет за домашните миленици – кучињата.
Македонија
(Видео) Заев во посета на „Мајски цвет“: Енергетски ефикасна градинка заштедува приближно 140 илјади денари годишно

На годишно ниво заштедите на електрична енергија на енергетски ефикасна градинка одат до 140 илјади денари, средства што остануваат за градинката, за унапредување на условите за грижа и воспитување на децата, истакна премиерот Зоран Заев на денешната посета во градинката „Мајски цвет“, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и пратеничката во Собранието, Марија Георгиевска, направи увид на инсталираната опрема за фотоволтаици и фотонапонски систем.
Посетата по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност беше токму во градинката „Мајски цвет“, која, освен што како новоизградена ги исполнува сите услови за згрижување на децата од предучилишна возраст, е целосно енергетски ефикасен објект.
„Паралелно со доградувањето проектот ги следеше сите критериуми за енергетска ефикасност и за енергетска самоодржливост и денеска оваа градинка си ја произведува струјата за сопствените потреби преку фотонапонски панели, кои во секој момент обезбедуваат 3,2 киловати електрична енергија и 300 литри топла вода. Вишокот струја преку двонасочно броило се пренасочува кон мрежата на ЕВН, а хибридните колектори заменуваат 4 стари енергетски неефикасни бојлери“, рече премиерот Заев и додаде дека е проширен капацитетот на градинката за уште 95 деца со дополнителни 150 квадратни метри.
Тој нагласи дека досега се конвертирале и изградиле повеќе од 100 енергетски ефикасни објекти, кои носат финансиски бенефит и подобра животна средина.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“