Македонија
Движење БЕСА: И судовите ќе се редефинираат

Одлуката за прераспределбата на судиите на кривичниот суд претставува скандалозна интервенција на владејачките партии во судскиот систем во Македонија, сметаат од Движењето БЕСА.
„Судиите, кои досега решиле за случаите на Специјалното Јавно Обвинителство и нивната замена со судии кои се знае дека се блиски со владејачката партија, претставува не само флагрантно кршење на автономијата на судовите, туку и директен упад во работата на единствената кредибилна институција во правниот систем – СЈО“, се вели во соопштението.
Движењето БЕСА гарантира дека пратформата Редефинирање предвидува и реформирање на целиот правен систем, особено на судовите, и сето ова во корист на правдата без можности за политизација и исклучиво во корист на граѓаните. Судовите ќе бидат целосно независни и објективни и ова ќе се случи во многу блиска иднина. Во оваа прилика, уште еднаш го изразуваме нашиот став и нашата безрезервна поддршка за продолжување на работата на СЈО додека да се постигне целосна декриминализација на државниот систем./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Утрото ќе биде многу студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Македонија
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.