Контакт

Македонија

(Видео) По изборите, Владата ќе постави двојазични табли со новото име на државата

Објавено пред

Двојазични табли со новото име на државата и буквите на зградата на Владата ќе бидат поставени по завршувањето на претседателските избори. Генералниот секратар на Владата, Драги Рашковски, вели дека поради неможноста од распишување тендери за време на изборен процес во согласност со Изборниот законик, ќе се чека да завршат изборите за потоа да се објави тендер.

„Бидејќи тоа е процедура што изискува тендерски постапки, може да ја очекувате по изборите во согласност со тоа дека тендерски постапки што не во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат“, изјави Рашковски.

Тој додаде дека е задоволен од примената на Законот за употреба на јазиците и дека досега институциите речиси и да не правеле опструкции.

Најголема помош, како што рече Рашковски, ќе треба за новоформираната агенција за спроведување на законот и првите кадровски решенија ќе бидат од Генералниот секретаријат. Тој додаде дека еден и пол месец од донесувањето на законот се потврдило дека тоа не е вовед во промена на државно уредување, туку се унапредиле правата на заедниците. „Законот е на прав пат да го доживее своето светло“, додаде Рашковски.

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека најголем предизвик во примената на законот ќе биде преведувањето бидејќи има институции со големи количини превод на дневна основа, а како пример го посочи преводот на документи во СЕП.

„Има многу институции, тоа се 1.300, кои ги нотиравме за Централниот регистар да ги запишуваме тријазично. За сите документи што на дневна основа треба да се преведуваат, ќе биде предизвик“, рече Османи.

На денешната средба на меѓуресорската група присуствуваше и директорот на Агенцијата за јазиците, Илбер Села, кој кажа дека донеле одлука и за простории за Агенцијата, како и за кадровските прашања.

Македонија

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Објавено пред

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот.

За време на пожарот нема повредени лица, но предизвикана е голема материјална штета пришто целосно изгореле дел од едрилиците.

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и 13 пожарникари.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Прилеп е безбеден, преземени се дејствија за школската бомба во кафулето

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи кој денеска беше во посета на Полициската станица во Прилеп и локалната самоуправа смирува дека безбедносната состојба во општината е стабилна.

Во врска со инцидентот кога во кафуле во петокот за време на „Пивофест“ беше најдена школска бомба, министерот образложи дека бомбата немала експлозивно полнење и никој не е повреден, а полицијата работи на расчистување на случајот и веќе има преземени дејствија.

Тој во изјава за медиумите, потенцира дека МВР ги презема сите неопходни мерки за санкционирање на било каков криминал, а особено на организираниот криминал и корупцијата.

„Ја користам и оваа прилика преку вас медиумите да ги повикам граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција, заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Гледате дека граѓаните се сега охрабрени затоа што гледаат дека институциите функционираат. Ние докажавме дека за нас криминалот не познава партиски и други бои и дека принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него. Законите важат за сите, а  ние јасно покажуваме дека преземаме мерки против сите: политичари, вработени во МВР, без никаков пардон. Така и ќе продолжиме“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

Објавено пред

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека институцијата нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд.

Спасовски додаде дека ако се трга од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава.

„МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд“, рече Спасовски.

Тој денеска присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија3 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион5 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија7 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија8 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија11 час

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет11 час

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет12 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија12 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет13 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет1 ден

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет1 ден

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија2 дена

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија2 дена

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион2 дена

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија2 дена

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие