Македонија
Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 5 – годишнината од неговата смрт.
„СДСМ како и сите граѓани на Македонија со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, со што ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија“, велат од партијата.
СДСМ е определена да ги негува и развива тие перспективи во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: На барање на граѓаните ги засилуваме контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат утринава спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче.
Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Заради препродавачите, слободното движење по тротоарите е многу отежнато а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Оштината ќе спроведува редовни акции се до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса. Покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат.
„Овој инспекциски надзор доаѓа по барањата на граѓаните, кои и на средбите што ги имавме со нив, но и на други начини побараа од нас да се справиме со препродавачите кои очигледно им создаваат проблеми. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот. За да може некој да продава на јавен простор треба да си има уредна документација. Секој оној што не поседува соодветна документација е подложен на контрола и санкција. На нас жителите и нивните услови за живот ни се секогаш на прво место“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации во Општина Центар каде се наоѓаат нелегалните препродавачи.
Македонија
МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.
Исто така, МНР ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев.
„ И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел од нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија.
Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“ додаваат од МНР.
Од министерството велат дека на официјалната бугарска делегација предводена од вице-премиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, како искрен и последователен гест ѝ беше овозможено непречено да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
МНР со жалење констатира дека радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава.
Македонија
Утре во центарот на Скопје посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.