Македонија
Депониите и сиромаштијата заеднички именител за отровниот воздух во најзагадените градови
Горење гуми, пластика и други неразградливи и опасни материи, стари возила и диви депонии, на кои се спалува разновиден опасен отпад, се примарни заеднички именители на Скопје, Лахор во Пакистан, Вухан во Кина, Делхи во Индија и на Приштина, градовите што минатава недела се водечките пет во загаден воздух во целиот свет.
Демографските и географските разлики не може да бидат докрај споредени бидејќи ги немаат истите карактеристики ако се земе предвид дека станува збор за градови со милионски жители наспроти македонската метропола, но, сепак, преголемата густина на населението и градежната џунгла се заеднички за сите.

Анализата на „Макфакс“ покажува дека заеднички причинители за загадувањето во овие градови се чадот што се крева од горењето сè и сешто за затоплување на домовите што немаат пари за посоодветно и еколошко затоплување. Но, светските еколошки организации посочуваат дека ниската свест на населението и несовесното раководење со отпадот од надлежните институции во државите се исто така голем причинител за загадувањето. Дивите депонии во кои неселективно и несоодветно се гори секаков отад имаат најпоразително влијание врз квалитетот на воздухот.
Но, ако се земат предвид разликите во размерите на населението во градовите во Кина и Индија, потоа животните навики, доминантните индустрии, Скопје и Приштина ни одблиску не се доближуваат до овие бројки, а сепак се меѓу петте најзагадени градови во светот. Ова ги отвора сомнежите дека во овие два града во Европа, сепак, се случува и нешто друго.
Поразителните факти од анализата на „Транспаренси интернешнл“, која беше објавена вчера, вели дека Македонија, Косово и Албанија имаат највисока стапка на корупција меѓу земјите во Западен Балкан. Доколку во овие земји цвета корупцијата, тогаш се отвора прашањето кој замижува и пред раководењето со опасниот отпад што се собира и во земјата, а и колку од него нелегално влегува од трети земји.

Вухан, Кина
Иако надлежните институции, како Државниот инспекторат за животна средина, Институтот за јавно здравје, Министерството за животна средина и просторно планирање и градските татковци, секогаш даваат протоколарни одговори во кои не се чувствува некоја особена загриженост, сепак активистите и оние што подолго време ја истражуваат оваа проблематика имаат став дека некој му прогледува низ прсти на отровот за да стигне до нас.
Како што пишуваше „Макфакс“, единствената печка во „Дрисла“ нема доволно капацитет да го спали медицинскиот отпад и речиси 500 тони од ова високоризично ѓубре не е јасно каде завршува.

Лахор, Пакистан
Во земјата има 54 активни и контролирани општински депонии, поделени на депонии со висок, среден и низок ризик, како и 270 неконтролирани депонии во Скопскиот Регион со речиси 5.512 кубни метри отпад, говорат податоците на МВР.
Црниот чад се шири и од оџаците на малите погони, а тие не може да бидат санкционирани затоа што во 2010 година Министерството за животна средина донело правилник за граничните вредности на емисиите во воздухот, но за печките со мал капацитет не предвиделе гранични вредности.
За промена на овој правилник, потребни се најмалку 60 дена за сите процедури. Јавноста е загрижена и секојдневно прави притисок на социјалните мрежи, а се чини дека никој нема слух за итни мерки, кои значително ќе ја подобрат состојбата. Секојдневно се истражуваат и се детектираат загадувачите, но казни и радикални чекори засега не се преземаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

