Македонија
Десет починати и 190 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 2.636 тестови преку: ИЈЗ-38, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово–33, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-131, Биотек-152, Систина-46, лабораторија Лаор-156, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа-12, Никоб лаб-291, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-28, Ројал Медика –18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.341.
Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 83810, Активни 5563
Куманово 11500, Активни 1018
Тетово 10829, Активни 910
Прилеп 9083, Активни 313
Гостивар 7958, Активни 454
Битола 7112, Активни 265
Велес 6266, Активни 352
Охрид 5982, Активни 585
Кавадарци 5948, Активни 231
Струмица 5745, Активни 274
Штип 5753, Активни 232
Кичево 3984, Активни 409
Струга 3793, Активни 382
Кочани 3278, Активни 165
Гевгелија 2421, Активни 88
Неготино 2319, Активни 37
Свети Николе 1902, Активни 110
Ресен 1538, Активни 82
Радовиш 1525, Активни 89
Дебар 1449, Активни 107
Крива Паланка 1441, Активни 95
Берово 1209, Активни 21
Делчево 1124, Активни 69
Виница 1035, Активни 51
Пробиштип 916, Активни 34
Валандово 819, Активни 24
Кратово 577, Активни 61
Богданци 551, Активни 17
Крушево 529, Активни 22
Македонски Брод 472, Активни 29
Демир Хисар 445, Активни 30
Демир Капија 411, Активни 5
Пехчево 313, Активни 3
Македонска Каменица 301, Активни 21
Дојран 140, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Македонија
СДСМ: По сите скандали на Милошоски тој треба да си даде оставка, нема образ да зборува за македонските интереси

Македонија
Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.
Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.
Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски. Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај. „Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.