Македонија
Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката
Потресно сведоштво на мајка се шири по социјалните мрежи. Таа ги обвини лекарите од болницата „Демир Хисар“ дека нејзиното дете со аутизам го малтретирале и врзувале.
„ После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате … ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно … Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, пишува мајката.
Момчето, како што вели мајката, во последно време било агресивно, па родителите одлучиле да го однесат во болница за да прими терапија, да се смири и повторно да си го земат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Љупчо Дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите
„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието, да најде пласман и да помогне на 100.000 земјоделци, тој мислел како и каде следно да патува, и колку поскап хотел да плати“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер.
Се е полесно кога си министер од СДС, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер.
Љупчо Дон Николовски за 6 ноќевања во САД потрошил 2850 евра само за хотели.
Љупчо Дон Николовски плаќал хотелска соба по 500 евра во Њу Јорк и Вермонт, а 450 евра во Чикаго.
Во Италија во Рим Дон Николовски плаќал 300 евра за хотел од вечер.
По примерот на Бисера Антоанета и Дон Николовски се луксузирал во Виена, за две ноќевања со државни пари се платени 670 евра.
И кога патувал во соседството, како во Бугарија, Дон Николовски исто патувал луксузно, за хотел во Софија за една ноќ платил 150 евра.
Ова се министрите од СДС. Ова е Дон Николовски кој имаше десетици милиони неисплатени субвенции. Заради ова велиме дека државата е ограбена“, изјави Бране Петрушевски.
Македонија
(Видео) „Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите“, праша Кузеска
„Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.
Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.
Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.
Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.
Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.
Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.
Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.
Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.
Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Македонија
„Преродба“ ќе поднесе декларација до бугарскиот парламент со осуда по изјавите Николоски
Крајнодесничарската партија „Преродба“ најави дека ќе поднесе предлог-декларација со суда за говор на омраза во бугарскиот парламент, а во врска со изјавите на вицепремиерот Александар Николоски кој ја нарече земјата „нецивилизиран домаќин“ по средбата меѓу Силјановска Давкова и Румен Радев на која го немаше македонското знаме.
„Имаме договор за добрососедство и тој отворено се прекршува. Сфаќаме дека ова е политика на намерно барање провокации, која Скопје ја игра изненадувачки добро. Треба да се реагира умерено и дипломатски, без да се навлегува во нивниот тон. Ќе поднесеме барање за вонредна седница на Народното собрание и ќе ја поднесеме декларацијата денеска“, изјави Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“.
Според него, во декларацијата треба да пишува дека Бугарија мора да ги информира своите партнери во Европската Унија за тоа што се случува од другата страна на границата – дека има саботажа против паневропските политики и една од нив е Коридорот 8.
„Кога сакате да бидете во заеднички европски дом, мора да ја почитувате политиката на овој заеднички европски дом. Еден од условите е да имате политика на добрососедство“, додаде тој.