Македонија
Костовски: Министерката Петровска немаше абер за споменик пред јас да ѝ дадам јавно предлог
Министерката Славјанка Петровска повторно ја замајува јавноста и свесно бега од мојата идеја за споменик на загинатите бранители во Општина
Бутел, вели градоначалникот Дарко Костовски.
„ Зошто да ја дуплираме постапката кога веќе таа започна во Општина Бутел? Зошто министерката прави се за Општина Бутел да биде исклучена од процедурата за поставување споменик?
Јавноста кристално јасно знае чиjа е идејата за споменик на паднатите македонски борци кај Љуботенски бачила. Министерката немаше абер за
споменик пред jас да и дадам јавно предлог! Веројатно постапката со која министерката сака да се подигне споменик е преку Собранието на Р. Македонија, со носење на програма за изградба на меморијален споменик. Ако е така, тогаш таа свесно дополнително ја комплицира целата работа од политички, процедурален и временски аспект.
Очигледна е намерата Славјанка Петровска да избега од мојата идеја за споменик во Бутел, доколку избега ние како Општина Бутел ќе изградиме
сами!” напиша Костовски на својот Фејсбук.
Министерството за одбрана соопшти дека започна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски Бачила, на Карпалак и во Вејце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.
На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.
Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.
„За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ“, рекоа оттаму.
Македонија
Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада
Претседател на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.
“Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.”, рече Таравари.
Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.
“Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада“, изјави Таравари.
Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари рече дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите.
“Од утрото имам информации дека има вонреден притисок од претседателот на Управниот суд кој врши притисок врз судиите кои треба да го одработат предметот за прегласување”, рече Таравари, додавајќи дека судиите треба да одлучуваат непристрасно и правично.
Македонија
Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири не се чувствуваат безбедно по постојаните напади за работата на ДИК по приговорите за парламентарните избори. Особено ги загрижува тоа што изјавите со напади на ДИК ги даваат политички партии и носители на високи функции.
„Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите сме изложени и на неосновани и непримерни јавни политички притисоци и закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Покрај тоа, а следејќи ги контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно тие да преминат и во лични напади на нашата сигурност. Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на законот ги спроведе изборите, што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори“, велат од ДИК.
Нагалсуваат дека и покрај сите непријатности што ги имаат, со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал, ДИК ги утврдила фактите и одлучувала по приговори поднесени од разни учесници за 110 избирачки места. Врз основа на образложени докази, усвоени се приговори за 7 избирачки места за кои ДИК смета дека има правен основ, а приговорите за другите 103 избирачки места се одбиени како неосновани. За одбиените приговори нема поднесено тужби ниеден учесник на изборите.
„За ДИК, неприфатливи и недопуштени се нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд. За сето ова, денес, на средбата во ДИК беше известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Џилијан Стрик“, велат до ДИК.
Попладнево, претседателот на ДИК, Даштевски, заедно со уште петорица членови испрати соопштение до медиумите, во кое реагираат на навредите, а кое не е потпишано единствено од потпретедателката на ДИК, Дитмире Шеху.
Меѓународната заедница, денес, освен од ДИК, доби извествање за изборен инженеринг и од коалицијата „Европски фронт“.
„Овој обид за изборен инженеринг има цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политичкиот договор на маса. Кредибилитетот на изборите и на демократскиот процес беше прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница. Отпосле, со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, ЛСДМ и ‘Влен’, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните. Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор и предупредување за враќање на претходните системи. Неправедно и со надгласување, како во времето на монизмот во ДИК, донесена е одлука за прегласување на некои избирачки места во 5. и 6. зона, токму на избирачките места на кои победници се партиите што се жалат, а нивните гласачи се именување како крадци, со што се понижува целото гласачко тело“, рече Наим Бајрами и го повика Управниот суд да постапува законски, без партиски или политички директиви.
За изборен инженеринг пред три дена обвини и коалицијата „Храбро за Македонија“, од каде што велат дека им се украдени повеќе од 600 гласа, кои се додадени на коалициите „Вреди“ и „Европски фронт“. Од „Храбро за Македонија“ не поднесоа приговори за изборниот резултат, но најавија тужба во Управниот суд.