Македонија
ДИК: До 11 часот одѕивот е над 11 отсто, најголем во Демир Хисар – 21,33 отсто
До 11 часот одѕивот на гласачите на предвремените парламентарни избори е 11 проценти, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. На 3.134 избирачки места од вкупно 3.480 до 11 часот гласале 199.495 граѓани.
Најголем одѕив има во Демир Хисар каде што до 11 часот на гласање излегле 21,33 отсто од граѓаните.
„Во ИЕ 1 висок одѕив има во Аеродром, над 17,6 отсто од граѓаните гласале до 11 часот, висока е одѕивот и во Карпош 17, 07 отсто, Кисела Вода 16, 81 отсто. Од ИЕ 2 висок одѕив има во Бутел, 14,76 отсто. Во ИЕ 3 висок одѕив има во Градско 19,03 отсто, Крива Паланка 17 отсто, Лозово 17.03 отсто, Пробиштип има 20.69 отсто , што е навистина одлично. Во ИЕ 4 висок одѕив има во Дојран 17,83 отсто Демир Капија 20,77 отсто, Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16 , 55 отсто до 11 часот. Од ИЕ 5 во Битола одѕивот е 16.91 отсто, во Демир Хисар 21,33 отсто и во Охрид 13,16 отсто. Во ИЕ 6 одѕивот во Тетово е 8,13 отсто“, соопшти претседателот Деркоски.
Во ИЕ – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во ИЕ – 2 9,64 отсто, во ИЕ – 3 одѕивот до 11 часот бил 13,08 отсто, во ИЕ – 4 одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во ИЕ – 5 одѕивот бил 10,55, и во ИЕ – 6 изборна единица 6,04 отсто.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици.
Деркоски рече дека гласањето се одвива без проблеми и ги предупреди членовите на избирачките одбори да ги почитуваат процедурите и правилата како и досега за изборниот ден да помине како што треба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.
Македонија
Филипче со куфер сликан на аеродром, СДСМ обвинува за следење: „Се враќаме во периодот пред 2016 година“
Опозициската СДСМ денеска обвини дека се врши следење на претседателот на партијата Венко Филипче, оценувајќи дека станува збор за методи карактеристични за периодот пред 2016 година.
Повод за реакцијата, како што наведуваат од СДСМ, е фотографија објавена во јавноста на социјалните мрежи, а на која Филипче е снимен на аеродром, и се тврди дека патува за Дубаи, што партијата го оцени како обид за јавен линч и индиректно признание дека се врши следење и притисок врз опозицијата.
„Ова е добро познатата школа на Никола Груевски, кога безбедносните служби беа ставени во функција на следење на опозицијата“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ тврдат дека, покрај следењето, постојат и обиди за прислушување, оценувајќи дека државата повторно се движи кон мракот и дека се применуваат исти методи како во минатото – следење, фабрикување вести и пласирање, како што велат, лажни афери, со цел дефокус од актуелните теми.
Во соопштението се нагласува дека Филипче патува со редовни комерцијални летови, секако не оди во Дубаи, и не користи владини авиони или приватни летала, за разлика од премиерот Христијан Мицкоски, кого СДСМ го обвинува за луксузирање и злоупотреба на државни ресурси.
Според партијата, целта е дефокус, за луѓето да не бидат информирани за „мигранти за пари“, криминал и корупција.

