Македонија
(Видео) Димитров: Ни лидери, ни свети лидери не ми требаат да застанам зад интересите на државата
Ни лидери, ни свети лидери не ми требаат да застанам зад интересите на државата, му реплицираше министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на говорот на пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов, на неговиот говор претходно во кој побара да се услови прифаќање на името Северна Македонија по нашето зачленување во ЕУ и НАТО.
„Прво со оглед на потребата од доверба меѓу Македонија и Грција, двете страни настојувавме нашите чекори кон ЕУ и НАТО е да се врзани со тоа што нам и тоа што нив им треба. Второ, ние сме речиси таму, договорот ќе биде целосно спроведен во рок од пет години. И во Грција има опозиција, тие критикуваат идентитетски теми. Кај нас критика е опфатот, тука е компромисот. За идентскиот амандман не може да е спротивно со договорот зашто дава право на самоопределување. Трето, како што за нас не беше лесен чекор правото на самоопределување, за нас е важно што имаме чист идентитет. Груевски во 2009 година велеше Грција бара и внатрешна употреба и јазикот да е сменет“, рече Димитров алудирајќи дека сега јазикот е задржан, што е главна критика на грчката опозиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

