Македонија
(Видео) ДКСК ќе бара одговорност од Агенцијата за финансиска поддршка за исплати во изборен период
ДКСК го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка, ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. ВМРО-ДПМНЕ до Антикорупциска комисија реагираше што Агенцијата во изборен период исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати туку за исплата на долг на приватни фирми.
На денешната седница на ДКСК на дневен ред се вкупно 4 приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ. Освен против Агенцијата за финансиска поддршка, ВМРО-ДПМНЕ во приговорите обвинува за кршење на изборниот законик од страна на општините Гази Баба, Ново Село и Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

