Контакт

Македонија

До среда претежно сончево време, потоа следи заладување и врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Македонија

Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Објавено пред

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен Таравари. По дефинирањето на програмските определби, се привршува и со другите отворени прашања.

dobivaj vesti na viber

„Сè уште нема дефинитивна одлука. Има реални шанси денес или утре да се заврши“, вели Таравари за „Макфакс“.

Засега, иако неофицијално, извесно е кои две министерства ќе им припаднат на кадри од Алијансата за Албанците. Тоа се Министерството за здравство, со кое моментно раководи Алтернативата, и Министерството за правда, со кое моментно раководи кадар на СДСМ.

Извесно е дека Таравари и неговата партија ќе добијат и директорски места во повеќе институции.

Маја Терзиова

Прикажи повеќе...

Македонија

За набавка на „трикафта“ за осум пациенти, Собранието треба да смени три закони

Објавено пред

Министерот за здравство, Беким Сали, ќе иницира измени на три закони за да се овозможи набавка на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза преку директни преговори со фабриката производител. Иако се стремеле да го набават лекот за вкупно 30 пациенти, во првата набавка извесно е дека ќе се обезбеди терапија, само за осуммина, чија состојба е критична, за другите е само стремеж.

dobivaj vesti na viber

„Давањето законска можност за директно преговарање со фабриката може да ни овозможи пониска цена за терапијата поради барањето условите за преговарање да не бидат јавни затоа што фабриките имаат регионални политики и даваат посебни понуди за одредени држави. Знаејќи ги условите кај нас, тие сигурно би дале за нас пониска цена. Во контакт сме со фабриката и се подготвуваат законските измени, кои ќе ни овозможат директно да преговараме. Законот за лековите, Законот за јавните набавки и Законот за здравственото осигурување се законите што треба да ни го овозможат тоа“, рече министерот Сали.

Средства за терапијата за првите осуммина пациенти ќе обезбеди Фондот за здравствено осигурување, а набавката на лекот би одела преку Клиниката за педијатрија. Во тимот за преговори министерот Сали најави дека ќе биде и член на Асоцијацијата за цистична фиброза, кој ќе може да известува за разните фази од набавката.

Министерот Сали денес уште еднаш објасни дека набавката на лекот „трикафта“ не е планирана во буџетот за годинава. Тој се надева дека в година Министерството и Фондот за здравство ќе бидат подобро спремни за набавка на лекот за другите пациенти.

Во саботата пациентите со цистична фиброза преку протест пред Владата им кажаа на институциите дека лекот треба да се набави за сите и оти немаат време за долги процедури за набавка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаревски: Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија

Објавено пред

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може да здивне бидејќи во следниот период од неколку месеци не се очекуваат потреси. Нагласува дека земјотресите не може да се предвидат, но земјотрес со поголема јачина не се очекува.

dobivaj vesti na viber

„Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија. Ние сме друго сеизмичко подрачје и далечината од источно-анадолскиот расед е преголема за да се трансферира редистрибуцијата на напрегањето од денешниот земјотрес“, вели Гаревски за „Макфакс“.

Професорот објаснува дека земјотресот во Турција од утрово не е изненадување имајќи предвид дека земјата е едно од најтрусните подрачја на светот заедно со Јапонија, Индонезија, Америка и Чиле.

„Ваков земјотрес не е за изненадување, но сепак ова е еден од најголемите земјотреси во историјата на Турција. Таму најсилниот земјотрес што се случил во 1939 година бил во градот Езерџан со магнитуда од 7,9 степени според Рихтер и имал 17.000 жртви. Езерџан се наоѓа на почетокот на северно-анадолскиот расед долг 1.200 километри. Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтер се случи и на крајот на истиот расед во близина на Истанбул во 1999 година, исто така со 17.000 жртви. Тогаш ја предводев екипата од Македонија, која излезе по две недели од земјотресот. Глетката беше стравотна, како и оштетувањата. Констатацијата беше дека бројот на жртви е предизвикан и поради исклучително слабите градби“, додава Гаревски за „Макфакс“.

По 1999 година, Гаревски цени дека Турција многу ги зајакнала контролите и мерките за сигурна градба. Имајќи ја предвид јачината на сегашниот земјотрес, Гаревски смета дека на градбите навистина се внимавало, а тоа го покажува бројот на жртви.

„Засега бројот на жртви, официјално, е 1.500. Би бил среќен да се остане на тоа. Но, имајќи ја предвид силината на земјотресот, очекувано е бројот на загинати да надмине 5.000 жртви. Но, дај боже, да грешам“, посочува професорот.

Според Гаревски, во регионот околу земјотресот во Турција очекувани се афтершокови, чиј интензитет ќе се намалува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен...

Македонија10 минути

За набавка на „трикафта“ за осум пациенти, Собранието треба да смени три закони

Министерот за здравство, Беким Сали, ќе иницира измени на три закони за да се овозможи набавка на лекот „трикафта“ за...

Регион29 минути

Турција не престанува да се тресе: силен земјотрес сега и во Истанбул

По двата разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во...

Македонија34 минути

Гаревски: Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може...

Свет1 час

Град во Турција целосно срамнет со земјата, објавени снимки од воздух

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем...

Македонија2 часа

(Вудео) Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може...

Македонија2 часа

Двајца македонски ученици меѓу повредените во земјотресот во Турција

Двајца македонски државјани се повредени во земјотресот во Турција. Според информациите од МНР, се работи за ученици кои преку програмата...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Роденденот на Гоце Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна

Се влошуваат односите со Бугарија. Роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање тензии од другата страна, изјави...

Европа3 часа

Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција. Според...

Македонија4 часа

Отворени телефонски линии и сметки за донации за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Црвениот крст на Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и во Сирија за жртвите од...

Свет5 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки доаѓаат од Турција: зградите се уриваат како кули од карти

Стотици луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Спасувачите ги...

Топ6 часа

Детали за несреќата кај Три Чешми: се судриле товарно возило и „голф“, возачот на автомобилот загинал

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила на автопатот Миладиновци – Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки....

Македонија6 часа

Пендаровски изрази сочувство до Ердоган и до турскиот народ по земјотресот во Турција

Претседателот Стево Пендаровски изразува сочувство до турскиот претседател и до турскиот народ по силниот земјотрес во Турција. „Изразувам најдлабоко сочувство...

Европа7 часа

Дел од Сирија е зона на катастрофа по земјотресот, стотици загинати и повредени

Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција,...

Европа7 часа

Ердоган по страшниот земјотрес: „Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ги...

Европа7 часа

(Видео) Силен земјотрес во Турција, стотици загинати, голем број повредени, уништени градови

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци тој е...

Македонија18 часа

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет18 часа

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет19 часа

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија20 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...