Македонија
Дупло поскап паркинг за вработените во Клинички центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/vozila-klinicki.jpg)
Вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе плаќаат двојно поскап паркинг. Од 350 денари месечен надомест, според предлогот на ЈП „Градски паркинзи“, цената се зголемува на 800 денари. Советот на Град Скопје во понеделник треба да гласа за предлогот на јавното претпријатие.
Дел од докторите и останатиот медицински кадар на клиниката реагираат на ваквата предлог-одлука, со оглед на тоа што за нив нема ниту посебен паркинг-простор, тие мораат да се снаоѓаат во сообраќајниот хаос на Клиничкиот центар, каде што изградбата на катна гаража остана само на најава, а и покрај ова, цената за паркингот се зголемува.
„Зошто нам како на здравствени работници воопшто да ни се наплатува паркинг? Ние треба да имаме бесплатен паркинг обезбеден со картички, како и загарантирани паркинг-места на кои не смее да паркира никој друг освен ние. Колку за пример, приватните болници не наплатуваат паркинг-места за медицинскиот кадар, ниту, пак, за пациентите. А во државната болница не само што се наплатува туку и цената расте“, реагира доктор од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за „Макфакс“.
На прашањето од кои причини се зголемува цената за паркингот, од ЈП Г„радски паркинзи“ за „Макфакс“ изјавија дека нема да даваат никакви изјави додека предлог-одлуката не се усвои од страна на Советот на Град Скопје.
Во 2016 година ЈП „Градски паркинзи“ инкасирало над 473 илјади евра само од наплатени билети, а од јануари до октомври 2017 година, околу 378 илјади евра. Ова значи дека во случај секое возило да се задржало по еден час на клиниката, кој чини 25 денари, дневно таму се паркираат над 3 илјади возила. Во таков сообраќаен хаос, здравствените работници понекогаш со часови бараат паркинг-место за да стигнат до работното место.
Сообраќајниот неред на Клиничкиот центар е само една од рак-раните на државното здравство. Секојдневно редици од возила ја блокираат и улицата Водњанска чекајќи ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај до одредена клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, во неколку наврати изјави дека на Клиничкиот центар нема да се прават поголеми инвестиции бидејќи ќе се чека на изградбата на новиот клинички, за кој сè уште се бира локација.
В понеделник, на седница на Советот на Град Скопје, освен за оваа предлог-одлука, ќе се гласа и за предлогот двојно да се зголеми цената на паркингот на сите јавни паркиралишта во деновите кога загаденоста на воздухот два дена по ред е над дозволените граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.