Македонија
Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по што посочи дека боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Дурловски објасни дека она што го зборувал не може да го направи.
https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3885175754834306
„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотелја боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од коалицијата ‘За обнова на Македонија’ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, која сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, напиша Дурловски.
Инаку, Дурловски беше носител на листа во Петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е личен став на Игор Дурловски и дека од партијата го почитуваат тоа.
“Како што и сам кажува, тој останува верен на Македонија, но и на коалицијата “За подобра Македонија” и на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓудругото, Дурловски останува стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски” велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.