Контакт

Македонија

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Објавено пред

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за „Макфакс“ потврди дека техничкиот преглед на автобусот што учествуваше во несреќата, при што загинаа 14 луѓе, е извршен во „Авто-мото Гостивар“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од Централниот регистар, Дурмиш Белули е сопственик и на „Дурмо турс“ и на станицата за технички преглед „АМЗ Гостивар“.

Дурмиш Белули не сакаше да даде изјава за „Макфакс“. Тој не одговори на телефонските повици, ниту на СМС-пораките во кои поставивме прашања поврзани со несреќата.

„АМЗ Гостивар“ освен што врши технички прегледи, извршува дејности како авто школа, а работи и со осигурувања, зелен картон, меѓународни возачки дозволи, поштенски услуги и регистрација на возила.

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, вели дека немаат ингеренции врз станиците за технички преглед.

„Во нашиот закон не е обработено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Кај нас во законот стои дека ние при контролите треба да утврдиме дали возилото е регистрирано и дали е извршен технички преглед. Такви документи при контролите утврдивме дека ‘Дурмо турс’ има. Станиците за технички преглед се обврска на Министерството за внатрешни работи“, изјави директорот Руфат Хусеини за „Макфакс“.

Екипа од Инспекторатот вчера излегла на местото на несреќата, но поради истрагата на Обвинителството, не правеле увид. Директорот Хусеини вели дека документот од извршениот технички преглед треба да стои во автобусот како дел од задолжителната документација.

И од Министерството за транспорт и врски велат дека немаат надлежност да утврдат дали е дозволено ист газда да има станица за технички преглед и да биде превозник. Велат дека нивната надлежност за „Дурмо турс“ е само административна.

„За оваа компанија во наша надлежност се само лиценците и дозволите. Бидејќи ги исполниле сите услови, на ‘Дурмо турс’ му се издадени четири лиценци, две за внатрешен и две за меѓународен превоз. Има две дозволи за внатрешен превоз. Едната за релацијата Гостивар-Скопје, каде што се случи несреќата, има важност до 3.7.2020 година, а втората дозвола, исто така за Гостивар-Скопје, е со важност до 18.2.2023 година. Двете лиценци за внатрешен превоз се со важност до август 2021 година, а до 2021 година им важат и лиценците за меѓународен превоз“, велат од Министерството за транспорт и врски. Таму немаа податок колку се стари 40-те автобуси на „Дурмо турс“, но нагласија дека само еден има мотор со Евро 2-стандард, а сите други имаат Евро 3-мотори.

Од Министерството известија дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи.

Македонија

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Објавено пред

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски.

dobivaj vesti na viber

Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој во моментот користи годишен одмор, е разрешен иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази.

Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот на дело на 31 декември минатата година.

Вработените укажуваат дека разрешувањето на медицинскиот директор е за т.н. говор на омраза на етничка основа, што вработените го отфрлаат како невистинит, неоснован и недокажлив. Тврдат дека е чиста шпекулација, нарачана од поединци и реализирана преку новинар, кој во 2 часот по полноќ си дава право да упаѓа на клиниката.

Понатаму, како што се додава, и покрај напорите на вработените и членовите на Управниот одбор на клиниката за изнаоѓање модул за правилно функционирање на токсиколошката лабоработирија, тоа не е реализирано поради несоработка со организациската директорка.

Според вработените, разрешувањето на Петровски укажува на напорите за политички вработувања на договор на дело, иако е незаконски до формирањето на новата влада.

Пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование.

Нико Беќаровски, кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката, рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици, со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.

Министерот за здравство Илир Демири во истиот период го најави разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и на економската директорка бидејќи, како што тогаш изјави, немал сознанија за прекршок. Беќаровски кусо подоцна навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија порачувајќи дека е време на приватните клиники да се отвори одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места.

dobivaj vesti na viber

Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101, поднесен од коалицијата „Влен“; Охрид, ИМ 1272, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“; Крушево, ИМ 1194 и ИМ 1202, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“; Струга, ИМ 1844, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“ и коалицијата „За европска иднина“; Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1, поднесен од коалицијата „ Твоја Македонија“.

Другите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба се одбиени или повлечени.

Oд ДИК потсетуваат дека секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесената тужба.

По одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места на кои ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места на кои би се поништило гласањето влијае на резултатот во распределба на мандатите.

Во зависност од тоа, ДИК, по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани: ќе се прави обдукција, се проверува медицинската историја на детето и на мајката

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечното бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ кога било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала, извести Јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал во согласност со протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и со блиски лица, а се проверува и медицинската историја и на детето и на мајката, соопшти Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија43 минути

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија2 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ3 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ3 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија5 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија7 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет7 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет7 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија20 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија21 час

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ22 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...