Македонија
Европската комисија: Го следиме случајот, секое нерегуларно трошење ќе биде откриено
Европската комисија за „Макфакс“ вели дека го следи случајот со обвинувањата за програмата „Еразмус +“, но во оваа фаза детали нема да открие. Од Комисијата уверуваат дека ќе ги откријат евентуалните нерегуларности.
„Она што можеме да го кажеме во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со обвинувањта во врска со спроведувањето на програмата ‘Еразмус +’. Сите такви обвинувања се следат и онаму каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларното трошење ќе биде идентификувано и поправено. Комисијата не може да даде повеќе детали додека трае следењето“, изјавија од Европската комисија.
Од таму нагласуваат дека Европската комисија ја делегира имплементацијата на програмата на националните агенции (НА) под индиректно управување.
„Националните агенции се законски одговорни за какви било погрешно потрошени фондови“, велат од Комисијата.
Европската комисија, заедно со националните власти и независните тела за ревизија, го надгледува целокупното функционирање на националните агенции.
Онаму каде што постои сомневање за измама, случаите се упатуваат на ОЛАФ, од каде што може да се дадат препораки за износи што треба да се вратат и да се предадат случаите на органите за борба против измама во земјите на програмата.
„Европската комисија има пристап на нулта толеранција кон измама и ќе ги поврати сите погрешно потрошени суми“, велат од Комисијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

