Македонија
„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроација осигурување – живот АД Скопје“!

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски.
Природно е да се сакааат убави нешта и да се живее сегашноста во полн ек.
До скоро нашите размисли беа насочени кон убави патувања, комфорен живот без согледување на итна потреба да оставиме нешто зад нас.
Клиентите на „Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје“ сметаа поинаку. Тие пронајдоа вистински партнер каде ќе можат слободно да вложуваат во полиса за животно осигурување, знаејќи дека нивните средства се безбедни и дека обезбедуваат финансиска сигурност за најблиските при несакани настани или тешки животни ситуации на најблиското семејство, токму тогаш кога имаат најголема потреба од тоа.
Полисата Индивидуално осигурување на животот го има водечкото место во портфолиото на „Кроациа Осигурување – Живот“, претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки кои вклучуваат:
• Поврат на вложените средства во вид на загарантирана осигурена сума за доживување која се исплаќа по истекот на Договорот за осигурување;
• Осигурително покритие во случај на смрт од болест;
• Двојно осигурително покритие во случај на смрт од незгода;
• Здравствено осигурување од тешко болна состојба;
• Здравствено осигурување од малигни болести;
• Осигурување од незгода.
Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.
„Кроациа Осигурување“ е друштво формирано во далечната 1884 година. Оттогаш наваму, многу работи во светот се променија, многу пандемии и кризи, но она што сме го докажале е дека сме ја зачувале довербата на нашите клиенти и сме ги заштитиле и оплемениле нивните средства. Токму тоа и нè прави лидер на пазарот на животно осигурување.
Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност за цел живот, одбери полиса за осигурување живот!
Дозволете да Ве направиме безгрижни.
Ваша, „Кроациа“.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).