Македонија
Заев во Струмичко: Парите ги насочивме кон граѓаните, инвестираме и во инфраструктурата

„Докажавме дека луѓето што ја знаат маката на земјоделците и работникот, може да постигнат успеси. Еден од најголемите капитални проекти, изградбата на канализационен систем за фекална отпадна вода, е за село Банско. Тоа е 18 км канализационен систем, кој останува трајно да се користи за 2.000 жители тука“, рече претседателот Заев на средба со граѓани во село Банско, во општина Струмица.
„Сега со пријатели и решени меѓународни проблеми, со членство во НАТО и почнати преговори со ЕУ, ќе докажеме 10 пати повеќе резултати, комуналната инфраструктура ќе ја развиваме 10 пати посилно. Заедно ќе го подобриме и квалитетот на водата во Банско. Инвестиравме во мрежата, ја саниравме и направивме филтер станица и тој ќе го завршиме до крај според сите стандарди“, рече претседателот Заев уверувајќи ги граѓаните дека заедно со Општина Струмица, Банско ќе го има најголемиот СПА центар во државата за развој на туризмот и во лето и во зима.
Во Муртино, претседателот Заев го истакна инвестирањето во инфраструктурата но и зголемената помош кон земјоделците, како и реализацијата на Концептот парите кај граѓаните, преку субвенциите кои се исплаќаат редовно и навремено, субвенцирањето на зелената нафта, покачувањето на пензиите и платите, одлуката за државна социјална пензија, поддршката на стечајните работниците и помошта за повеќе од 500 млади земјоделци.
„Со СДСМ сите кои имаат потреба добиваат поддршка, и тоа навреме. Социјалната помош ја покачивме за 300%. Пензиите ги покачивме за 1.740 денари. Минималната плата беше 9.000 денари, а сега е 14.500. Просечната плата е покачена за 5.000 денари за само две и пол години.
Низ Струмичкиот регион има изградено патишта насекаде, следува целосна реконструкција на патот Робово – Муртино – Банско. Патот кон Берово е целосно рехабилитиран. Го отвораме струмичкиот регион комплетно со експресниот пат Радовиш – Штип. Правиме проект Смоквица – Валандово, Валандовско Брдо – Струмица граничен премин кон Бугарија и кон автопатот со Грција на коридорот 10“, рече претседателот Заев и ја најави новата програмата од Европската инвестициона банка за канализации и водоводи од 50 милиони евра, како и средствата од 49 милиони евра пренаменети од Штипскиот аеродром за изградба на градинки, училишта, спортски сали и комунална инфраструктура за сите“, потенцираше претседателот Заев и повтори дека ќе продолжи зајакнувањето на економијата.
„Ќе продолжиме да го јакнеме економскиот стандард на нашите граѓани преку враќање пари назад во семејствата. Лажните патриоти за сите 11 години ги интересираше само власт, пари, моќ и ништо друго. Мицкоски е десната рака на Груевски, сакаат пак да се закануваат на луѓе и по партиски штабови да прават списоци за субвенции или за социјална помош. Сега парите одат назад кај граѓаните, а не во споменици, музеи и стиропорни фасади како што одеа 11 години“, заклучи претседателот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.