Контакт

Македонија

(Видео) Заев: До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение за името

Објавено пред

Со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата – дали Македонија има гаранција дека ако го смени името ќе добие датум за членство во ЕУ.

„Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение“, рече Заев.

Премиерот не одговори дали прифаќањето на ерга омнес важи за кој било друг предлог за името, како што важеше за предлогот Илинденска Македонија, прашање кое кон него го упати пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа побара одговор и зошто Грција го одби предлогот Илинденска откако Заев објави дека за тоа се договориле со Ципрас.

„За да го соопштам Илинденска, значи со Ципрас сме се усогласиле до степен да се провери овој предлог дома со другите  чинители. На лидерската средба бев убеден дека има надеж, но грчката страна, за жал, го одби предлогот“, рече Заев.

Во врска со нон-пејперот, Заев го повтори ставот на Владата дека не е тајна оти во ЕУ има дебата за процесот на проширување и дека Холандија и Франција се скептични, но тоа според Заев не требало да ја обесхрабрува Македонија, која добила чиста препорака во последниот извештај на ЕК.

Македонија

Времето облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето во Македонија утринава е облачно, а по котлините има појава на магла која е поизразена во Полошката Котлина и во Пелагонија каде видливоста е намалена од 50 до 200 метри, информираат синоптичарите. Повремени слаби врнежи од снег има на планините во западните делови од земјава, а врнежи од дожд во крајните западни и источни делови. Во Пелагонија поради ниската температура дождот се замрзнува, велат од УХМР и додаваат дека на повисоките места започна да дува и умерен југоисточен ветер.

Времето и во текот на целиот ден ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Во следните неколку дена циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок кога ќе бидат претежно од снег. Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, а од четврток ќе го промени правецот во северен, информираат од УХМР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Објавено пред

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот спор околу името со Македонија ќе трае четири дена.

Како што објави грчката агенција АНА-МПА, договорот прво два дена ќе биде на парламентарната Комисија за одбрана и надворешни работи, а потоа уште два дена на пленарна седница на парламентот.

Според ова денеска и утре за договорот ќе се расправа на комисиската седница, а веќе в среда во текот на денот се очекува да започне и пленарната седница во парламентот.

Договорот, кој пред неколку дена беше ратификуван во македонското Собрание, предвидува промена на името на Рапублика Македонија во Република Северна Македонија, со што завршува долготрајниот спор помеѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради појава на магла намалена видливоста во Битола и Стража

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информриаат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража, а слаб снег утринава, како што посочија провејува на Попова Шапка, Ѓавато и Буково кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од АМСМ, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку...

Македонија42 минути

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот...

Свет2 часа

Израелски град ги „брише” жените од погледот на јавноста

Ултраортодоксна општина источно од Тел Авив избришала политичарка од една рекламна кампања, што не е прв случај, а некои луѓе...

Македонија12 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е атака врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија14 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија15 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија16 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија17 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија17 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија19 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија19 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски20 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести21 час

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија21 час

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет22 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија23 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион23 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Досие