Македонија
(Видео) Заев за изјавата на Мицкоски: Секој што се огрешил пред закон треба да одговара
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/65881998_465901543966424_2113512909114966016_n-1.jpg)
„Мислам дека никој не може да се надева дека глупостите до толку ќе се развиваат во нашата земја. Ако се бориме за правна држава, треба да оставиме правните процеси да течат. Сите заедно имаме обврска да ја враќаме правната држава. Секако пресумцијата на невиност е нешто што сите треба да го почитуваме, но однапред да давате квалификации на правосудниот систем за некој дали има вина или не, дали нарачувал или не, е срамота. Секој што се огрешил пред закон треба да одговара, а секој што е невин да биде ослободен“, изјави премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека е следен и е можно да биде уапсен.
Откако Мицкоски кажа дека нема повеќе да го поддржува Заев во патот кон ЕУ, премиерот рече дека тоа е негова должност.
„Ние сме граѓани, со стратешка цел интеграција на ЕУ. Секој што ќе се дрзне да одмага и да не помага, секој си носи одговорност. Тоа го носиме на изборите како одговорност. Јас верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на своите стратешки определби, а тоа се НАТО и ЕУ и на тој дел ќе даде помош. Посебно во делот на законот за СЈО, за што верувам дека во скоро време ќе треба да одржиме и средба за да разговараме за пописот, Изборниот законик и теми кои се важни“, додаде Заев.
Министерството за внатрешни работи претходно демантираше дека полициски службеници го следат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.
„Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чијшто претседател е Мицковски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства. МВР својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање. Ја информираме јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР”, се вели во соопштението на полицијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување рече дека очекува следно сценарио, како што рече, да биде неговото апсење. Говорејќи за последната полициска акција во која беа уапсени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.