Македонија
Заев за непочитувањето на протоколите на митинзите: Граѓаните кои доаѓаат не внимаваат на оддалеченоста

Протоколите за заштита од коронавирусот не се почитуваат во целост од ниту една од партиите кои одржуваат собири и митинзи. Премиерот Зоран Заев прашан дали можеби тоа е договор меѓу партиите негираше. На собирите граѓаните седат без дистанца и маски, политичарите се прегрнуваат меѓусебно. Засега никој не кажа ниту дека му побарале и сертификат за вакцинација за да присуствува на митинг, иако тоа е предвидено со протоколите.
„Јас ќе апелирам да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа дека столчињата се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што луѓе кои доѓаат од страна не внимаваат на неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме сè за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.
Политичките партии секојдневно одржуваат собири ширум Македонија. Дел од нив се и во затворени простории во партиски простории. За прекршување на мерките против заштита од корона се дознава од фотографиите кои партиите сами ги споделуваат на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено

Поради верскиот празник Духовден, денес (2.6.2023) и в сабота (3.6.2023), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
В петок (2.6.2023), в сабота (3.6.2023) и в недела (4.6.2023) на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара – гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Денес (2.6.2023), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а в сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.
Жичницата денес (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.