Македонија
Заев и Ципрас ќе бидат наградени на Минхенската конференција за безбедност

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ја предводи делегацијата на нашата држава на годинешната Минхенска конференција за безбедност, која почнува денеска и ќе трае до недела.
На конференцијата посебно внимание е издвоено за заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција, на која како главни панелисти се предвидени премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Оваа панел-дискусија на Минхенската конференција за безбедност традиционално им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд фон Клајст“, која оваа година свечено ќе им биде врачена на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на посебната церемонијална вечера, чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија, Флоријан Херман.
На конференцијата за безбедност учествуваат многубројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања, а Заев ќе има билатерална средба со премиерката на Кралството Норвешка, Ерна Солберг, која ќе ја придружува министерката за надворешни работи, Ине Ериксен Сореиде. Тој ќе се сретне и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
Претседателот на Владата ќе се сретне и со сенаторот Џејмс Риш, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, како и со поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини поради летните одмори се чека до 40 минути

Утрово од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен е пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопштува АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце влезето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници, кои се почитувани во заедницата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки околу тоа, како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата.
„Јас го слушам примерот како дава насоки како да работеле градоначалниците и сметам дека тоа е многу погрешно. Сметам дека тоа доведе Скопје да стане страшно валкан и едноставно неубав град за живеење со нивната градоначалничка, Данела Арсовска, од која понатаму во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат, но јасно е дека не им успеаја диловите, па затоа и се скараа. Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата“, изјави Филипче.
Истакна дека СДСМ на претстојните локални избори настапува со постојната коалиција, со најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини. Тие се подготвени да излезат пред граѓаните со реални и остварливи програми, големи развојни планови за крупните општини и микро-планови за решавање на секојдневните проблеми во помалите средини.
Во однос на вториот изборен круг, тој најави разговори и со партии од албанскиот блок.
Претседателот на СДСМ изрази жалење што власта не успеа да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик. По одлуката на Уставниот суд со која беа укинати два члена, остана нерегулирано прашањето за независните листи на кандидати, што може да предизвика хаос и да ги загрози независните кандидати.
„ Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.
„Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните“, потенцира Филипче.
Претседателот на СДСМ најави дека СДСМ ќе води позитивна кампања.
„Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат“, истакна Филипче.
Тој потсети дека сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година останаа неисполнети.
„Ништо од тоа не е реализирано. Требаше да имаме подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира. Не смееме да дозволиме повторно да се врати политиката на лажни ветувања,“ рече Филипче.
Македонија
(Видео) Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претсседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата.
Филипче тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики и немањето капацитет да се води државата.
„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави Филипче.
Притоа тој повтори дека ниту постои сценариот за дестабилизација, ниту размислуваме да постои. Потенцирајќи дека фокусот на партијата е насочена на борба со сите демократски механизми и инструменти против оваа ненародна и антидржавна власт.