Македонија
( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност
Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да си игра со правдата, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
„Во изминатите 40 часа презедовме редовни и вонредни мерки, со акцијата координирав јас и Сашо Мијалков немаше друга опција, освен да се појави. Беа елиминирани сите можности да ја напушти државата. Беа избегнати нови потенцијални ризици“, рече Заев.
Тој нагласи дека неговото пријавување не треба да се смета за олеснителна околност и дека не треба да се заборави оти Мијалков првин избега.
„Се организира да се јави во Јавното обвинителство зашто потрагата траеше, затворени беа излезите од Скопје и граничните премини. За организирање и помагање се одговара исто, паднаа наредби за спроведување заплена на имот. На ‘Мериот’ ќе стававме жолти ленти. Се знаеше каде биле членовите на семејството во време на бегството. За сите имоти на неговото семејство можеа да постапат органите. Денеска чукнавме на маса. Институциите не го најдоа Сашо Мијалков, но нападнаа по блиските, по имотот“, додаде премиерот Заев.
„Отворено зборувам, слабостите со постапките се школо за самите институции. Груевски имаше помош од друга држава и азил. Ова не е таков случај. Ние ги блокиравме сите граници. Сите зелени појаси беа исто затворени и со патроли. Ова покажува дека алармот треба да биде дигнат за сите што имаат кривична одговорност. Еден човек, ако сака, може да ѝ се крие на полицијата, но семејството ризикува, имотот е во ризик, нека се замисли како ќе постапува. Мојата беше температура 40 степени, не на Сашо Мијалков. Приказни за мали деца“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

