Македонија
(Видео) Заев: Ја отворив и потребата од вонредна состојба поради коронавирусот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба, изјави дека е договорено да не се одржат изборите на 12 април. Тој исто така пред другите претседатели на партиите и пред претседателот на државата рече дека има потреба од воведување ворнедна состојба, со цел поефикасно справување со коронавирусот, во согласност со моментната состојба.
„Нема услови за изборите и сите ресурси ги ставаме во заштита на граѓаните. Имаме заеднички непријател – коронавирусот и не е време за политички противници. Сега треба сите да сме насочени таму, сакам да најавам дека подготвуваме сет економски мерки за најпогодените. Сите мораме да се однесуваме солидарно, ја отворив и потребата од воведување вонредна состојба, тоа е заради поефикасно да се донесат мерки за здравјето на грааѓните и за стопанстовото на граѓаните“, рече Заев.
Според него, треба да се сфати дека станува збор за сериозна здравствена криза.
„Мислам дека на сите ни стана јасно колку е сериозна оваа здравствена криза предизвикана од коронавирусот. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик како во минатото“, рече Заев.
Заев смета дека состојбата е променета по состанокот на Советот за безбедност, односно од коронавирусот е зафатено Скопје, кое може да биде главно жариште. Тој вели дека подобро е вонредна состојба отколку кризна бидејќи, според него, клучно е да се ограничи движењето на граѓаните, да се спроведува задолжителна самоизолација, мерки што не може да се спроведат со воведување кризна состојба.
„По Советот за безбедност, се јавија нови седум случаи. Главниот град е зафатен. Сите знаеме дека потенцијално жариште може да биде главниот град, како што сега е Дебар. Прогласувањето кризна состојба значи цела територија на Република Македонија да стане Дебар. Значи, тоа е кризна состојба. При вакви импликации Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита за спасување, секако нема да ги дадат очекуваните аспекти од безбедносен и здравствен аспект за справување со здравствената состојба на граѓаните, а тоа значи откривање, пуштање во самоизолација и третман, односно лекување на сите заразени. Вториот дел се економските аспекти. Треба да знаете дека во Уставот јасно се дефинирани слободите и правата на граѓаните во случај на вонредна состојба, тие може да бидат ограничени. Може да се спроведе наредба да седите дома 14 дена во изолација, наредба да не смеете да се движите итн“, објасни Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).