Контакт

Македонија

Заев на годишнина на Бугарскиот Културен Клуб: Двете земји направија историски чекор напред.

Објавено пред

Заедничка е взаемната заложба за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и индивидуалните права на сите наши граѓани

Претседателот на Владата Зоран Заев присуствуваше на свеченоста по повод 11 годишнината од основањето на Бугарскиот Културен Клуб во нашата земја, каде во своето обраќање потсети дека со Договор за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете земји покажавме дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, отворените прашања лесно се решаваат.

„Двете земји направија историски чекор напред. Го поставивме минатото како темел на иднината. Во договорот нема дилеми дека се работи за две држави, два народи и два јазици. Со договорот се определивме заедно да ја спречуваме недобронамерна пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот“, рече Заев.

Тој додаде дека пријателството никогаш не било поголемо и постојано расте и се засилува, создадени се силни инструменти за надминување на недоразбирањата и градење на трајно сојузништво, и во надминувањето на недоразбирањата и во градењето и одржувањето на трајното пријателство значајна улога имаат и организациите на граѓаните во двете земји.

„Во таа насока Здружението на граѓани Бугарски културен клуб во нашата земја има значајно место. Тоа е јасно определено и во мисијата на здружението кое ја има за цел неопходноста од зближување и меѓукултурна толеранција на културите на соседните држави – Република Бугарија и Република Северна Македонија. Заедничка е и взаемната заложба за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и реализација на индивидуалните права во контекст на мултикултурното општество, како и афирмација на културните вредности и културните традиции на граѓаните на Северна Македонија кои се определуваат како Бугари“, истакна премиерот Заев и дополни дека Северна Македонија е силно посветена да гради и негува инклузивно општество во кое никој, ниту еден, нема да биде запоставен на единствениот пат до успешна, заедничка Република Северна Македонија, дом за сите, интегрирана во Европската унија.

Македонија

СЕММ и ЗНМ: Професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

Објавено пред

Во пресрет на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ-заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Mедиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки што го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството.

„Потсетуваме на препораката на Советот на Европа од 2010 за борба со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, според која земјите членки треба да преземат соодветни мерки за борба против сите феномени на изразување, вклучително и во медиумите и на интернет за кои со право се смета дека ќе имаат ефект на поттикнување, ширење или промовирање омраза и други форми на дискриминација на ЛГБТ-лицата. Таквиот говор на омраза треба да биде забранет и јавно отфрлен секогаш кога ќе се случи.

Во исто време, медиумите ги потсетуваме на Декларацијата за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ на коалицијата „Маргини“, Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиуми, чии принципи се следниве:

1. Нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ;
2. Воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група;
3. Известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност;
4. Непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ-заедницата и активистите за човекови права во рамките на целокупната општествена, политичка и културна сфера почитувајќи ги нивниот личен интегритет, мислење и активности;
5. Вклученост на гласовите и перспективите на ЛГБТИ-луѓето и активистите за нивни права, во прилози поврзани со теми што директно ги засегаат, како и настани и проблеми што го засегаат целокупното македонско општество;
6. Почитување и имплементација на одлуките и препораките на еснафските, саморегулаторните и регулаторните тела и здруженија поврзани со заштитата и почитувањето на човековите права на ЛГБТИ;
7. Сензитивизација на медиумските работници за известување за теми поврзани со ЛГБТИ и
8. Соработка со граѓанските здруженија што се застапуваат за правата на ЛГБТИ преку размена на информации што ќе овозможат интегрален и непарцијален приказ на проблемите што ги засегаат ЛГБТИ.

Оттаму додаваат дека од медиумите очекуваат да ги отстрануваат коментарите од посетителите на нивните веб-страници и на социјалните мрежи, кои содржат повици за насилство, навреди и говор на омраза за сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Исто така, наведуваат сите регистрирани случаи на кршење на професионалните стандарди во известувањето на медиумите да се пријавуваат до СЕММ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со температура до 33 степени

Објавено пред

Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и град. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме.Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен во петок кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во работна посета на Шведска

Објавено пред

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска престојува во работна посета на Кралството Шведска.

Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да се сретне со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

За време на работната посета на Стокхолм, Димитров ќе учествува на Министерската конференција за Западен Балкан, каде ќе има свое обраќање на панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива.

Министерската конференција на високо ниво во Стокхолм е во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион2 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион3 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет4 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија15 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион18 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија23 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија23 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија23 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие