Македонија
Заев нема да учествува на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, ќе биде одреден друг претставник

Премиерот Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“.
„ Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација“, велат од кабинетот на Заев за „Танјуг“.
Оттаму додаваат дека Северна Македонија ќе биде претставена на средбата во Белград, а другиот политички претставник ќе биде одреден денеска или утре.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.
View this post on Instagram
„ Силна поддршка за Отворен Балкан. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „БудуќностСрбија“, со фотографии од Глазгов, пред почетокот на Самитот COP26.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одбере уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса

Уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса, Ковачевски да одбере, а народот избира единство и фер шанса, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Неточно е тврдењето на власта дека ако не прифатиме уставни измени државата ќе влезе во изолација, бидејќи ме може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме. Македонија со СДС е веќе во изолација, затоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор.
СДС секоја година тврдат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. Па така 6 години откако еве почнавме преговори, а всушност седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донесат нема да влеземе во ЕУ, со кои всушност нема ниту преговори.
Шест години Македонија ја ограбуваат и ги лажат народот СДС и ДУИ“ велат од партијата.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за ДУИ после 20 години власт да отиде во опозиција.
„Кога ДУИ ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Потребен е пакт за национално и државно единство, за да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса, каква што ја имале и другите држави од Централна и Источна Европа кога пристапувале во ЕУ“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
Разнесен банкомат во Чаир

Утрово во Чаир е разнесен банкомат.
Според информациите, со експлозив бил разнесен банкомат на НЛБ банката, кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.
Македонија
Променливо облачно, попладне дожд

Претпладне променливо облачно, попладне во северозападниот дел ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 26 степени.