Контакт

Македонија

Заев: Од судските пресуди зависи како ќе врти бројчаникот на триумфалната капија

Објавено пред

Од правосилните судски пресуди, а не од извршната власт, зависи колку ќе заврти бројчаникот на триумфалната капија, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, според кого, како што ќе се инкасираат парите во буџетот, така ќе се испишува на уредот.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека бројчаникот треба веќе да заврти 18 милиони евра од судската постапка за „Трансмет“ за Сеад Кочан, а дополнително, ако Обвинителството докаже вина пред судовите, нови 11 милиони од запленетите пари од дијализите.

„Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на ‘Трансмет’, кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на државата со продажба на самиот имот. Милион евра од финансовата полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, каде што ќе се утврди одговорност, се носат и пресудите за материјалното плаќање за обесштетување на државата. Бројчаникот зависи од судските пресуди, не од извршната власт. Од извршната власт значи оставање на процесот на правосудството на независен начин да ги утврдува сите овие постапки, со конечните права на жалба на секој граѓанин што ги има со Уставот. Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3 милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие 11 милиони евра ќе завршат на бројчаникот“, рече Заев.

Тој останува на ставот дека треба секој да одговара пред законите, почнувајќи од него, посочувајќи дека еден од постулатите на СДСМ и ДУИ ќе биде борбата со криминалот и корупцијата.

„Ако си дозволиме кој било, за кој има основани сомненија, докази и аргументи, да ја избегне правдата, сме ја уништиле комплетно државата. Ние имаме високи претставници од СДСМ и коалицијата кои се исправија пред судски процеси за да ја докажат својата невиност или да им се утврди вината и да понесат одговорност. Еден од постулатите во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ е борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото и овде отстапки нема да има. Првата работа што ја чекаат оние тивки гласачи, кои останаа дома, е токму таа порака, одговорност пред законите и правда за сите, почнувајќи до мене како човек кој е мандатор за новата влада. Доминантно оваа влада ќе биде посветена дома на правото, здравството, образованието, екологијата“, рече Заев.

Македонија

На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.

dobivaj vesti na viber

„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

На граѓаните им посака здравје, и успеси.

„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“

Прикажи повеќе...

Македонија

Првото родено бебе во 2026 е девојче

Објавено пред

Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.

dobivaj vesti na viber

– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Нови детали за експлозијата во Швајцарија: болниците полни со повредени, полицијата ја исклучи можноста за тероризам

Според последните информации од светските агенции, во моментот на експлозијата и пожарот во барот и салонот „Ле Констелашн“, сместен во...

Свет2 часа

Кипар од денес претседава со Европската Унија

Кипар објави дека ќе донесе „нов пристап кон преговарачката маса“ од моментот кога денес ќе го преземе претседателството со Европската...

Македонија2 часа

На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје,...

Македонија3 часа

Првото родено бебе во 2026 е девојче

Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата...

Свет3 часа

Двајца тинејџери загинаа поради пиротехника во Германија

Двајца 18-годишници загинаа во германскиот град Билефелд по несреќа со рачно изработен огномет, соопшти локалната полиција. Во еден од двата...

Свет3 часа

Мерц: Војната во Украина е дел од планот на Русија против Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека војната во Украина директно ги засега европските земји, вклучително и Германија, бидејќи е дел...

Македонија15 часа

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија17 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа18 часа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија20 часа

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија20 часа

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава21 час

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија21 час

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија23 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија1 ден

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија1 ден

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија1 ден

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија1 ден

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...