Македонија
Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари
Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади на ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
„Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти. Секое лице што доаѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шуто Оризари, очекувам тој во понеделник до Владата да поднесе оставка“, рече премиерот Заев на денешната конференција за борба против корупција.
Премиерот објасни дека се слушнал со директорот Котевски, кој му поднел устен извештај за инцидентите. Според директорот, Ристовски прв вербално нападнал друг притвореник, а за кусо време се случил уште еден инцидент. Премиерот тврди дека вакви постапки нема да се толерираат без оглед дали истрагата ќе покаже дека нападнатите го испровоцирале инцидентот или не.
Инцидентот се случи вчера, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. По вербалните напади, имало и физички напад по кој ексминистрите Јанакиески и Ристовски се јавиле кај затворскиот лекар, а Јанакиески бил префрлен во Градската општа болница „8 Септември“. Откако не била утврдена потреба да биде задржан, го вратиле во истражниот затвор.
Поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од завчераноќ се во 30-дневен притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

