Контакт

Македонија

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади на ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

dobivaj vesti na viber

„Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти. Секое лице што доаѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шуто Оризари, очекувам тој во понеделник до Владата да поднесе оставка“, рече премиерот Заев на денешната конференција за борба против корупција.

Премиерот објасни дека се слушнал со директорот Котевски, кој му поднел устен извештај за инцидентите. Според директорот, Ристовски прв вербално нападнал друг притвореник, а за кусо време се случил уште еден инцидент. Премиерот тврди дека вакви постапки нема да се толерираат без оглед дали истрагата ќе покаже дека нападнатите го испровоцирале инцидентот или не.

Инцидентот се случи вчера, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. По вербалните напади, имало и физички напад по кој ексминистрите Јанакиески и Ристовски се јавиле кај затворскиот лекар, а Јанакиески бил префрлен во Градската општа болница „8 Септември“. Откако не била утврдена потреба да биде задржан, го вратиле во истражниот затвор.

Поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од завчераноќ се во 30-дневен притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Македонија

Без струја делови од Центар и Кисела Вода

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 8:30 до 14:00 часот корисниците од улицата Орце Николов лоцирани на потегот од улицата Рузвелтова до улицата Алберт Ајнштајн (општина Центар);

– во периодот од 14:30 до 15:30 часот корисниците од улицата Саса – подулица 32 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

Објавено пред

Времето денеска сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должина на

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови на Карпош

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известува дека денеска поради дефект на затворач од ф – 80 мм на ул. Скупи б.б – кај Технокомерц, во периодот од 9:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Скупи, објектот на Аџибадем Систина, околните објекти и Момин Поток (општина Карпош).

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа14 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет15 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија17 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија18 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија19 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија19 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет20 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет20 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија21 час

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија22 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет23 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет23 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет23 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа23 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет24 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет1 ден

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...