Македонија
(Видео) Заев пред пратениците: Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата

Премиерот Зоран Заев пред пратениците во Комисијата за уставни прашања го образложи предлогот на Владата за уставни измени. Тој ги повика сите да гласаат „за“.
„Во духот на транспарентноста, предлозите за измени на Уставот беа достапни за сите. Општиот увид и реакцииите од јавноста се дека нема ништо спорно. Академската јавност оцени дека се е во согласност со интересите на Македонија и меѓународните стандарди. Јасно се гледа дека измените заслужуваат поддршка од сите пратеници, за членство во ЕУ и НАТО и за подобар живот. Собранието е институцијата што треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата“, им порача Заев на пратениците.
Тој ги повтори четирите амандмани кои се однесуваат на додавање на придавката северна, преамбулата, територијалните гаранции и за грижата за малцинствата во другите држави.
На крајот уште еднаш ги повика сите да се обединат за националните интереси.
„Интеграцијата не може да биде попречена од закана, обид за поткуп или што било. Сите што се за НАТО и ЕУ – сега е време да ја потврдиме заедно одлуката според која членството во овие организации се наши стратешки приоритети. Сега сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат, имаат обврска пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Од пратениците се очекува одлука во таа насока и како израз на почитување на волјата на гласачите, како и на огромниот број граѓани што го одобруваат членството на нашата земја во ЕУ и НАТО. Сите сме свесни дека без договор со Грција тоа остануваше само наша надеж и желба. Македонија нема генерации за губење, да покажеме дека сме подготвени да го преземеме лидерството и одговорноста“, порача Заев.
Тој додаде дека треба да се прифати историската можност и повика на обединување за приоритетите, за просперитет на земјата, да донесе силна одлука. „Бидете оние што ќе ја поведат Македонија напред“, им порача тој на пратениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.