Македонија
Заев, Царовска и Димитров во Припор: Секој кој седи дома на 15 јули е за враќање на режимот
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителите на кандидатската листа во ИЕ 1, Мила Царовска и Никола Димитров, денеска на трибина во Припор разговараа со граѓаните и ги повикаа на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме”.
„ Имавме храброст и став и мудрост да имаме наша татковина. Да имаме наша земја. Да имаме имотен лист и повеќе да не сме ФИРОМ. Имаме земја признаена од целиот свет. Чесно му служевме на народот. Не калкулиравме. Ја дигнавме економијата. Покажавме дека можеме.
Ќе растат и пензии и плати ќе растат. Македонштината никогаш не била погорда. Целиот свет ни е пријател и имаме поддршка. Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот, на човечињата, на мракот”, рече Заев.
Царовска рече дека многу направивме минатите две и пол години за граѓаните.
„Три работи ќе истакнам. Сите сиромашни домаќинства добија за 300% повисока социјална помош. Со детскиот и образовниот додаток работиме на намалување на детската сиромаштија. Ја зголемивме минималната плата за 60% и многу ме разжалостува тоа дека опозицијата нуди минимална плата од 13.000 денари што е за 1.500 денари помалку од сегашната минимална плата којашто изнесува 14.500 денари. Ги зголемивме пензиите и ќе продолжат да растат. Минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари”, рече Царовска.
Никола Димитров истакна дека не излегувањето на гласање значи враќање назад.
„Чуда направивме за две и пол години. На чекор сме до ЕУ. Немаме избор. Нема враќање назад. Затоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити нè води назад. Да си ја зграпчиме шансата можеме многу да направиме во сите сфери”, рече Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

