Македонија
За дел од угостителите уште нема протоколи, Комисијата итно да ги донесе за да се превенира хаос
Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи, кои би се почитувале за контролирано одржување прослави и настани во угостителските објекти.
Угостителите повторно укажаа дека некои од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат поради неизготвување протоколи, со што се става во прашање егзистенцијата на нивните вработени.
„Туристичко-угостителската комора уште на почетокот на јули изготви предлог-протоколи за работа, според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, сè уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен во согласност со протоколите за работа. Во спротивно, како и досега, ќе се соочуваме со приватно, во сопствена режија, организирање прослави, без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време, за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи.
Очекуваме Комисијата за заразни болести да донесе препораки за отворање затоа што состојбите поради недостигот на протоколи може да излезе надвор од контрола. Состојбата на сите економски оператори, кои директно и индиректно, во согласност со природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти, како музичките уметници, фотографите, претпријатијата за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора, и додаде дека доколку набргу не се почне со работа, овие субјекти нема да издржат да опстојат на пазарот.
Оттаму, додваат дека претпријатијата од оваа дејност се адаптирале на новите услови, сите се придржуваат на новиот начин на работа, неопходен во услови на моментната состојба. Во исто време и доколку како и во другите дејности се донесат протоколи за заштита од ширење на пандемијата, тие ќе се почитуваат во целост и ќе се превенира неконтролирано организирање прослави во домашни услови и во приватна режија, велат угостителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

