Македонија
Зголемен водостој на реките и езерата, внимателност при возење на пат во клисурите поради можни одрони, апелира ЦУК
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/odroni.jpg)
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 736 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,79%, а 40,21% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,77%, кон Итната медицинска помош 24,05%, а кон пожарникарите 4,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 827 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,88%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,21%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Пожари на отворено не се евидентиран во последното деноноќие, имало само во населени места.
Како резултат на врнежите од дожд што го зафатија подрачјето и на Град Скопје, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека на повеќе локации во градот и околината биле пријавено паднати дрвја, проблеми во снабдување со електрична енергија, а и проблеми со уличното осветлување. За пријавените итни случи во ЦУК, се известени се надлежните институции и истите интервенирале на терен.
Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте биле можни излевања на Крива Река, по нејзиниот слив.
Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.
Инаку, според дневната хидролошка информација на УХМР, предвидува постепена тенденција за раст на нивото на водостојот на реките и езерата.
Имало одрони на патиштата при ваквите метеоролошки услови за коишто, по пријава на 112 во ЦУК, се ангажираат надлежни институции и претпријатија за нивно расчистување. На пример, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, сношти околу полноќ, беше добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај месноста „Каменоломот“. За настанатата состојба од ЦУК беа известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција, при што нивни екипи го нормализираа сообраќајот на таа делница.
Заради можноста од одрони пожелно е да се вози внимателно на патните правци покрај коишто има карпести ридови.
Метеоролозите најавија дека и денеска, ќе продолжи локална појава на метеоролошка нестабилност, локално со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, утре е можно мало смирување на времето, а од недела пак ќе биде пак – локално променливо. Потсетуваме за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од ЦУК.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.