Македонија
Здружението за заштита на правата: МВР нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирус
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/policija-stop-kontrola.jpg)
„Министерството за внатрешни работи продолжува да ги крши правата на вработените, десет дена по одлуката на Владата нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирусот. Претставки со ваква содржина беа доставени изминатите денови до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, соопштија од таму.
„Во претставките се наведува дека и покрај големиот број заразени од коронавирус во државата, од кои сериозен процент отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи, сè уште не е направена реорганизација на работниот процес во насока на заштита на здравјето на вработените. Како пример се посочуваат нисокото ниво на хигиена, слабиот пристап до средства за дезинфкција, но и присуството на дури и до десет луѓе, групирани во простории каде што се задржуваат повеќе од 8 часа во текот на денот. Ваква состојба е детектирана во службите во рамките на Бирото за јавна безбедност, но и во рамките на Министерството за внатрешни работи, покажуваат претставките доставени до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, се наведува во соопштението.
„Прашуваме, кој е одговорен за големата бројка на заразени во Министерството за внатрешни работи и кој ќе сноси одговорност за евентуалното понатамошно галопирачко ширење на инфекцијата.
Воедно, го повикуваме Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок да направи реорганизација со која ќе обезбеди соодветни услови за работа на вработените во оваа институција. Напоменуваме дека секое непочитување на одлуките на Владата од страна на одговорните лица на институциите повлекува кривична одговорност и ги повикуваме вработените во оваа значајна институција своите права да ги бараат пред надлежните судски органи во државата.
Министерството за внатрешни работи има обврска да го заштити и чува здравјето на граѓаните, а тоа подразбира заштита и чување, пред сè, на здравјето на своите вработени. Здравјето на населението е најважно и тука нема никакви компромиси, согласно со законските прописи сите институции и организации имаат обврска на вработените да им овозможат работа во услови кои се сигурни и безбедни за нивното здравје“, велат од Здружението за заштита на работничките права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.