Македонија
Зошто Бектеши ја откажа прес-конференцијата за „Иловица“, СДС го брани ДУИ среде Струмица, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Зошто министерот Бектеши ја закажа па ја одложи прес-конференцијата за „Иловица“? Дали Ковачевски сега ќе биде силен, па да побара одземање на концесијата или ќе продолжи вазалството, во кое СДС ќе го брани ДУИ среде Струмица, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Криминогената Влада на СДС и ДУИ дава зелено светло на Назиф Дестани за влез во ‘Иловица’, а тој нема никакво искуство со ископ на бакар и злато. Човекот на ДУИ, Дестани, знае дека влегува во сигурна бизнис-зделка. Ова е уште еден чекор на Владата, поточно на СДС, со кој се штитат бизнис-интересите на ДУИ воопшто. Оваа криминогена Влада ги обезбедува лицата блиски до ДУИ со милионски профити на штета на интересите на граѓаните во Струмичко“, дополнуваат од партијата.
Според нив, оваа Влада не прави ништо за граѓаните, што е дополнителен доказ дека нема ништо од изјавата на Димитар Ковачевски дека рудник во „Иловица“ нема да се гради.
„Ковачевски не бара одговорност од Крешник Бектеши затоа што ги излажал министрите од СДС, кои, како што велат самите, затоа гласале за спојување на концесиите ‘Иловица-Штука’. Бектеши бега од јавноста. Вчера пак ја образложуваше ситуацијата за ‘Иловица’ во Владата, но не излезе и пред јавноста. Закажаниот прес за вчера го одложи за денес. Криминогената Влада на СДС и ДУИ продолжува да тера бизниси на грбот на граѓаните, односно да носи одлуки спротивни на интересите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што додаваат, граѓаните не забораваат, а по изборите, ќе следува одговорност за сите вклучени во криминални активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.