Контакт

Македонија

Иванов ќе ги почитува роковите за бирање мандатар

Објавено пред

 

Претседателот Ѓорге Иванов , одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот за создавање нова влада рече дека треба да се почитуваат роковите според Уставот.

„Јас како претседател сум обврзан според Уставот, по конституирањето на Собранието во рок од десет дена да го дадам мандатот, потоа следи мандатарот кој има дваесет дена да ја состави владата која треба да добие мнозинство во Парламентот“, рече Иванов по денешната посета на припадниците на Армијата на Република Македонија во армискиот склад „Еребино“.

Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на
новогодишните празници им ја честита Новата 2017 година и им се заблагодари придонесот што овозможуваат празниците, како што рече, да ги минуваме во мир и благосостојба.

„Честитајќи им ја Новата година им посакувам да продолжат професионално да ги обавуваат сите свои обврски како што тоа го правеа досега. Ја користам оваа можност и да им ја честитам Новата година на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировните мисии во странство. Тие се наша гордост и горди сме се што прават и ја промовираат Македонија“, рече Иванов.

Тој се заблагодари на Армијата за се што направила досега, како што е помошта што ја дава на полицијата за обезбедување на границата во справувањето со илегалната миграција, но и за помошта што ја даде во елементарните непогоди што се случија минатата година во скопскиот регион.

„Од името на граѓаните сакам да им се заблагодарам и да им укажам чест и внимание, дна полицијата за обезбедување на границата во справувањето со илегалната миграција, но и за помошта што ја даде во елементарните непогоди што се случија минатата година во скопскиот регион“, рече Иванов./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончево време со температура до 25 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски, странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери

Објавено пред

Економијата на Мицкоски доживеа дебакал, се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа фејсбук.

Во објавата Филипче посочува дека во 2024 година, во периодот на владата на СДСМ, странските директни инвестиции достигнале рекордни 1,255 милијарди евра, а само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднале на само 467,5 милиони евра.

„Дебакл на економијата на Мицкоски! Во 2024 година, за време на владеењето на СДСМ, странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра, најмногу во историјата на Македонија. Само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднаа на само 467,5 милиони евра. Минус од преку 60%!
Нема нови големи инвестиции, нема greenfield проекти, само инвестиции од времето на СДСМ кои се намалуваат. Мицкоски се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент.
За животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните.
Инвеститорите знаат дека ова е криминална и корумпирана влада и нејзината политика ги одбива наместо да ги привлече“, стои во објавата на Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Опожарени неколку возила под скопското Кале: припадник на Армијата со брза реакција го спречил ширењето на огнот

Објавено пред

Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на поранешниот полигон за обука за моторни возила, но професионалниот војник кој бил на заминување од рабоното место ги забележал возилата во пламен и веднаш дејствувал.

„Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.
Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.
Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.
При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.
Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, е објавено на Фејсбук страната на АРМ.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Тензии во Ормускиот теснец: спротивставени позиции и глобална загриженост

Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот...

Свет18 минути

Tрамп најавува објава на интересни НЛО-документи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација пронашла низа многу интересни документи поврзани со НЛО, додавајќи дека првите...

Македонија23 минути

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните...

Спорт9 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт10 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт10 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт10 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт10 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет11 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...