Контакт

Македонија

Иван Илиевски нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“

Објавено пред

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков, кој е разрешен од функцијата, информираат од кабинетот на Арсовска.

„Илиевски со години работи на раководни позиции во Авто-мото сојузот на Македонија и ‘Македонија sообраќај aмерит’. Во текот на својот професионален ангажман работи и за развој на центрите за обука на институциите како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје“, објаснуваат од Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата каде Камчев и’ бара да му врати дел од милионот

Објавено пред

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец, СЈО, Републичкото обвинителство и Владата, а кои се водат за 1,5 милиони евра што бизнисменот Јордан Орце Камчев си ги бара назад. Нејзиниот адвокат и син, Лазар Јанев, побара од судот, за следното рочиште да упати барање до затворот „Идризово“ за спровод на следното рочиште. Во однос на прашањето зошто се тужени државните институции, одговор нема ниту Сашо Дуковски, застапник на Јовановски-Боки 13. Рочиштето се одложи и ќе продолжи во средината на февруари.

„Тужената има желба да присуствува на рочиштето, но не е дозволено зошто нема барање од судот. Бараме за наредното судско рочиште тоа да биде направено”, рече Јанев, а судијата укажа за можно одлоговлекување на постапката.

„Доколку се обезбедува лице во постапка, морам да посочам, дека може да се одолговлекува постапката и се големи трошоците”, рече судијата.

Адвокатот Дуковски, смета дека судењето тек ќе започне кога ќе се одржи следното рочиште. Нему, не му е јасно како бизнисменот Камчев го тужи СЈО, институција која не постои.

„Имаше процесни недостатоци и од тие причини денешното рочиште се одложи за 14 февруари. Видовте дека имаат некаква си изјава од страна на тужителот (Камчев) дека го повлекува тужбеното барање кон четвртотужениот и третотужениот (Милески-Кичеец) кој ја призна вината во кривичната постапка со кој факт ние првпат денеска се запознавме. Инаку денешното рочиштето не се одржа. Немаше процесни услови. Се одложи. За тоа во кое својство Камчев ги тужи непостоечкото Специјално јавно обвинителство, Републичкото обвинителство, Владата, Дукоски вели: Тоа е опасна и за мене. Мислам дека сум долго време адвокат, но тоа е опасна непознаница за мене, а исто така, не ми е јасно како може да тужи институција, орган кој во моментот на поднесување на тужбата не постои. Секако, мислам за СЈО. Не знам, тоа ќе треба да го прашате него или неговиот полномошник, имаат нивна теорија, ние имаме своја теорија за тоа дали може или не може да има тужба“, вели Дуковски.

Поради недоволен број на копии од поднесоци на тужените, тужителот и правобранителот, рочиштето се одложи. На сите им е даден рок од три дена да ги достават сите поднесоци во доволен број на примероци, по што закажа ново судење.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски – Галовеј: Британија ќе ја поддржи земјата да обезбеди одржлива енергетска независност

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прими британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети.

Како што се наведува во владиното соопштение, премиерот на средбата ја изразил благодарноста на Владата и на граѓаните за традиционалното пријателство со Обединетото Кралство.

Галовеј потврдила дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија.

„Како силен и долгогодишен партнер на Северна Македонија, ги поддржуваме нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно за просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Северна Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија“, рекла британската амбасадорка на средбата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари и Ванхут разговарале за предвремени избори и за спорот со Бугарија

Објавено пред

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска се сретна со поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во Северна Македонија, Питер Ванхут, кој пред неколку години придонесе за постигнување на пржинскиот договор.

„На средбата со белгискиот експерт Ванхут, кој е познат како одличен познавач на околностите во Северна Македонија, остваривме конструктивен разговор во кој допревме теми, како: потребата од предвремени парламентарни избори, спорот на Северна Макдонија со Бугарија. Исто така, ги идентификувавме националните приоритети, како што се економскиот развој, подобрувањето на здравствениот систем, образованието и судството“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата било констатирано дека клиентелизмот е неприфатлив во функционална демократија бидејќи не ги третира сите граѓани еднакво, па затоа сите партии треба да имаат главен приоритет промена на клиентелистичкиот систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата каде Камчев и’ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија50 минути

Македонската Влада во вторник ќе допатува во Софија

Владата на Северна Македонија доаѓа во Софија следниот вторник, 25 јануари, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи дека постои можност да биде...

Македонија1 час

Камчев се откажа од милионите што требаше да му ги врати Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија3 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија3 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет5 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет5 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа5 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија22 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија23 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија1 ден

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија1 ден

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 ден

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија1 ден

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија2 дена

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија2 дена

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Досие