Македонија
„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение
„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение.
Во текст со наслов „Три добри совети“ пишува:
„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

Ова е извадок од текст во учебникот, кој е пренесен како народна приказна во која се раскажува како еден селанец со три алтани купил три совети.
„При анализа на текстот го прашав детето што научи од овој текст, одговорот беше очекуван: ‘ако те изнервира жена ти, изброј до петнаесет пред да ја заколеш’“, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.
Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е потпишан од Снежана Велкова и Соња Јовановска и е одобрен во 2011 година, а продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова, сите потпишани како професори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

