Контакт

Македонија

Изгласан законот за јавно обвинителство

Објавено пред

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници. Гласањето беше повторено, откако првично за законот гласаа 74 пратеници. Образложението на претседателот Талат Џафери беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

Откако констатираше Џафери дека законот е донесен, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скокнаа од своите места и извикуваа: не важи, не е донесен“, а координаторот на пратеничката група извика,”криминалци”, срамота е ова што го правите.

Претседателот даде пауза од еден час, по што следува гласањето за законот за совет за јавни обвинители.

Македонија

СДСМ:Државата помага на сите погодени од кризата, секој граѓанин е важен

Објавено пред

„Влегуваме во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот во нашата држава.Со оглед на тоа дека пред нас е периодот во кој се очекува пикот на ширење на вирусот, оттука и нужноста од уште поголема одговорност од сите нас, во насока на заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите“, соопшти СДСМ.

Во таа насока се и засилените мерки на Владата како забраната за движење на граѓаните од 16 до 5 часот следниот ден и целосна забрана за движење за време на викендите.

„Истовремено, додека се бориме со здравствените предизвици, се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.Државата обезбеди пакет економски мерки од 200 милиони евра, помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. За секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, плата од 14.500 денари плата.

Со цел полесно справување со кризата за граѓаните се обезбеди одложување на наплата на кредити, стопирање на извршителските дејности,но и кратење на непродуктивни трошоци, и намалување на платите на избраните и именувани функционери.Мерките и политиките на СДСМ во изминатите две и пол години беа насочени кон создадавање на систем кој работи за граѓаните. Во духот на солидарноста, државата излегува во пресрет на сите погодени од кризата.Затоа што само заедно, солидарно и одговорно можеме да победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици.Продолжуваме да се грижиме за нашето здравје, здравјето на сите граѓани и меѓусебно да си помагаме. Затоа што сите граѓани се важни“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да му помогне на угостителскиот сектор, 15 илјади граѓани ќе останат без работа

Објавено пред

Македонија е на колена. Масовно тестирање нема, а вирусот коси без соодветни реакции од страна на надлежните. Бројот на починати и заболени секојдневно се зголемува, а институциите се потешко се справуваат со ситуацијата. Нема соодветен менаџмент, ниту превентивно делување.Епидемијата зазема огромни размери, а Владата на СДСМ не презема мерки да се сопре здравствената и економска криза, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, неспособноста на оваа Влада доведе до тоа да околу 15.000 граѓани од угостителскиот сектор да останат без работа.

„Последните анкети и статистики велат дека над 160.000 граѓани се отпуштени од работа како резултат на економската криза, а за тоа директно се виновни СДСМ и Владата.Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ под итно бара од Владата да им се помогне на компаниите од угостителскиот сектор со 50% од бруто платата која ја исплаќаат за секој еден вработен за март, април и мај.

Кириите за угостителските објекти се голем дел од трошоците на угостителите. Веднаш Владата да донесе законска одлука каде што угостителите кои имаат објекти под закуп што се под јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор или било која државна институција да бидат ослободени од плаќање на кирија.Да се најде институционален начин, угостителите кои имаат под закуп објекти кај приватни закуподавачи да плаќаат барем половина од месечната рата односно кирија, односно 50%, за март, април и мај. За оваа мерка ги замолуваме за разбирање и закуподавачите заради сведениот обем на работа на нула“, соопшти партијата.

Тие бараат сите угостителски објекти да бидат целосно ослободени од плаќањето на закупот за летни тераси за целата летна сезона 2020. Ова ќе биде сериозна инјекција за угостителскиот сектор кој користи летни тераси за побрзо да ја надмине оваа криза.

„Јавните давачки кон државата, тука влегуваат ДДВ, аконтации за ДДВ, данок на добивка и други давачки, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година, односно до октомври месец и потоа да се наплаќаат на рати без затезни камати од страна на државата. Никој нема да биде оштетен ниту фирмите ниту државата, а ќе има сериозна помош за угостителите.Режиските трошоци за угостителските објекти, трошоци за струја, вода и останатите, кои ќе доспеат за март, април и мај, да се одложат за плаќање од 10-ти месец 2020, односно да се плаќаат од месец октомври на рати.Да се намалат критериумите за аплицирање на мерки за помош од државата за угостителите, бидејќи вака како што се условите само 10% од угостителските компании можат да ги искористат. Тука вклучително бараме мерките да може да ги користат и оние компании кои користат субвенции од АВРМ.Веднаш треба да се интервенира со одлука за вадење на неопходните документи за аплицирање за мерките, да се вадат во најбрз можен рок електронски, без чекање по шалтери и сето тоа да биде на трошок на државата, односно бесплатно за компаниите од угостителскиот сектор.Владата на СДСМ треба да ја тргне на страна суетата и да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за да се помогне на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температура до 23 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 21 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа скоро 2000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред.Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, во...

Регион32 минути

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет49 минути

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа3 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија12 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа14 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа14 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија15 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија16 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија17 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет18 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија18 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет18 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија19 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет22 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет22 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија23 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет24 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет24 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет24 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Досие