Македонија
Иницијативен одбор: Само оставка на Мицкоски може да донесе корист и кадровско освежување на ВМРО-ДПМНЕ
Единственото кадровско освежување кое што во моментов е неопходно и може да му донесе корист на ВМРО-ДПМНЕ е оставката на Претседателот Христијан Мицкоски и закажувањето на вонреден конгрес за избор на ново раководство, соопшти Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.
„ Се друго е само обид за дефокусирање од вистинскиот виновник за изборните порази во низа. Претседателот Христијан Мицкоски е лично одговорен за тоа што од вчера Зоран Заев по втор пат стана премиер. Додека вчера членството на ВМРО-ДПМНЕ разочарано гледаше како функционерите на СДСМ си ги примопредаваат кабинетите , Претседателот Мицкоски прославуваше уште една победа , која овој пат ја нарече „почеток на крајот“ на СДСМ.
Ваквото живеење во стаклено звоно, ВМРО-ДПМНЕ го носи во амбис. Мицкоски веќе нема контакт со реалноста и мора да си замине и да престане да нанесува непоправлива штета на партијата. Не смее да се чека да се загубат и следните локални избори по кои Мицкоски ќе прогласи „финале на падот на СДСМ“.
Ниту Мицкоски, ниту Извршниот комитет со истечен мандат немаат легитимитет да вршат кадровски промени во партиската структура. Јасно е дека кадровските решенија се со една единствена цел, а тоа е Мицкоски да си купи привиден мир и поддршка, но во реалноста, тие уште повеќе го дистанцираат од членството.
ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски е на губитнички пат. ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на победите само доколку Мицкоски го одржи зборот и си поднесе оставка по неуспесите да победи на избори и да формира влада. Време е на Вонреден конгрес да се избере ново раководство кое ќе има углед меѓу народот и ќе ја врати довербата на граѓаните“ велат иницијаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

