Македонија
ИНРЕКОМ: (Зло)употребата на вонредната состојба за донесување додворувачки владини уредби
Во чиј интерес работи техничката Влада на Република Македонија? Вонредната состојба, која беше продолжена вчера за нови 14 дена, веќе два месеца ѝ дава одврзани раце на Владата да носи уредби со сила на законот. По одржувањето на 58. седница на Владата. се поставува дилемата за издржаноста на одлуките што ги носат на седниците. Имено, спротивно на волјата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и дел од здруженијата на медиумските работници.
Донесената уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за формирање фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување во согласност со Законот за електронските комуникации како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.
Од тука, ИНРЕКОМ поставува легитимно прашање: зошто се опфатени единствено националните и некои регионални канали што зрачат терестријално, а се дискриминирани каналите што зрачат преку мрежи што не користат ограничен ресурс, како што се кабелските и сателитските канали? Исто така, прашуваме каде се и радијата во целата оваа приказна?
ИНРЕКОМ ваквиот начин на финансирање на македонските телевизии го смета за директна атака врз слободата на говор и независноста во нивното работење, нешто што постоеше и во минатото, а за кое сегашната владејачка гарнитура се бореше за укинување. Најспорен е и тајмингот во предвечерието на вонредните парламентарни избори, а ова e oдлука донесена под превезот на економска помош во време на корона-кризата.
Дали со овој потег Владата им се додворува на националните телевизии, кои минатата година прокнижиле добивки, а воедно годинава во неколку наврати имаа тивок бојкот на конференциите од страна на Владата и нејзините министри на сметка на операторите, кои ќе бидат принудени да ги зголемат цените на фиксните услуги, нешто што ќе го платат граѓаните како крајни корисници на услугите.
Институтот исто така ги потсетува засегнатите страни дека од буџетот токму медиумите годинава ќе добијат солени суми за политичко претставување на политичките партии за време на изборните кампањи. Дополнително, и регулаторот АВМУ им вшприца одредени економски инјекции за спас од економската криза. Од тука, се наметнува логичното прашање – колкава висина на средства се потребни за овие медиуми да не станат државни буџетари?
ИНРЕКОМ препорачува, наместо директно влевање средства во медиумите, да се донесат одредени олеснувања во даночните политики и други поволности за медиумите и медиумските работници преку дијалог со релеватните засегнати страни, со единствена цел да се намали влијанието на државата во уредувачката политика.
Владата денеска донесе и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за време на вонредната состојба во согласност со која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери што ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.
Вака приближно гласи втората скандалозна одлука од страна на Владата донесена на 58. седница, со која де факто ќе настане медиумски мрак и операторите ќе бидат принудни да ги исклучат сите странски канали за кои нема да бидат во можност да ги обноват договорите за реемитување! ИНРЕКОМ за ова извести во повеќе наврати и напомена за неприменливоста на одредбите што произлегоа со измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги донесени по скратена постапка во 5 до 12 пред самораспуштањето на Ммакедонското Собрание.
Преку ова донесување се исполнува заканата што Владата ја проследи до операторите пред два месеца, во која стоеше дека доколку не се промени сликата со странските канали, Владата ќе биде принудена да донесе уредби.
Дополнително, операторите во Македонија во повеќе наврати се заканија со исклучување на сите канали, со исклучок на каналите на јавниот сервис МРТ. Алтернативно, операторите најавуваат исклучување само на петте национални телевизии со кои се во војна за авторските и сродните права и наводната пиратерија. Во случај на предвремено раскинување на договорите, т.е. укинување на некои од македонските канали, операторите во соопштение информираа дека во таква ситуација ќе се избегне покачувањето на месечните претплати бидејќи корисниците нема да плаќаат нешто што не го користат.
ИНРЕКОМ потсетува дека никаде во светот и Европа не може да му се препише одговорност на операторот доколку некој ТВ ж-канал емитува пиратерија. Едноставно, операторите не може да влијаат врз програмските шеми на самите медиуми бидејќи тие само го реемитуваат сигналот од каналите.
Иако техничкиот премиер Оливер Спасовски излезе со ветување дека нема да се донесува уредба која би ги регулирала односите помеѓу телевизиите и операторите, ветување што е прекршено и сторено е токму спротивното.
Институтот повторно потсетува дека мешањето на државата во регулација на односот на два комерцијални играча (медиумите и операторите) е спротивно на Уставот, со што очекуваме Уставниот суд да ги оспори донесените уредби и други правни акти поврзани со овој наметнат проблем.
За крај, ИНРЕКОМ ја известува јавноста дека на чекор кон исклучување на некои од националните телевизии веќе се одлучил еден од операторите, со исклучување три од петте национални телевизии, кои се реемитуваат преку сателит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.

