Македонија
Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во специјалното јавно обвинителство. Информацијата ја потврдија вработени кои велат дека ова е логичен епилог на настаните бидејќи се натрупале долгови за три месеци. Тие се достапни само во еден правец како предупредување пред целосно да им бидат исклучени телефонските линии.
Освен за телефоните, вработените стравуваат дека натрупаните сметки за струја, вода и парно за септември, октомври и ноември можат да ја остават институцијата без основни услови за работа.
Стотина вработени, меѓу кои стручни соработници и помошен персонал, не зеле плата за септември и октомври, а од месецов го губат и правото на здравствено осигурување. Во зградата на СЈО сè уште се чуваат бомбите и предметите што ги отвори ова обвинителство.
Проблемот е што нема овластен потписник на сите документи и списи кои излегуваат од СЈО, по разрешувањето на обвинетата ексшефица на институцијата Катица Јанева.
Пред повеќе од 2 месеца во Собранието се поднесени, но закочени измените на Законот за јавнообвинителска служба. Претседателот Талат Џафери досега не го стави овој закон на дневен ред. Со измената за преземање на службениците од СЈО, републичкиот јавен обвинител има право да ги прераспореди во обвинителствата зависно од потребите, а оние лица кои со договор дошле од други институции да се вратат назад. За изгласување на Законот се потребни 61 пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Компании
Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“

Месец август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22!
И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop!
Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, сега е совршено време да си ги набавиме сите парчиња што толку ги посакувавме по цени како никогаш досега.
Финалното сезонско намалување е како создадено за нова тренди чанти од Guess по неодолива цена, најубавите street style комбинации од SuperDry, безвременските парчиња од Mango за целото семејтво и чевлите од Geox кои ќе ве одведат на најубавите летни дестинации со кои ќе ја заокружиме најстилската летна сезона досега.
Мажите и овој пат уживаат во класиците на нивниот апсолутен фаворит брендот Boss.
Како и досега така и овојпат, брендовите Bitsiani и Dan John ќе ви ја олеснат потрагата за вашиот изглед да не остане незабележан на најубавите настани кои толку многу ги сакаме.
Ве очекуваме во продавниците на Fashion&Friends и online shop заедно да ги создадеме сите модерни и кул комбинации сега на дополнителни намалувања!
Воедно, овој период од годината е совршена прилика да ги подготвите вашите најмили со сите удобни и кул комбинации од Okaidi, за сите предизвици кои ги очекуваат!
И за крај не заборавајте да ги пронајдете сите Women’secret костими за капење сега на супер попуст со кои ќе заокружиме уште едно модерно и тренди лето со Fashion Group!
ПР
Македонија
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги стави во функција новите смарт апарати за контрола на паркирање

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање. Денес овие апарати им беа презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и истите се пуштени во функција.
За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт телефони се со побрз андроид оперативен систем и со повеќе перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем.
Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост, или станбени сопственици кои имаат обезбедено паркинг простор.
Македонија
Маричиќ смета дека Македонија не изгубила време и е напредна во процесот за пристапување во ЕУ

Македонија не изгубила време и е напредна во процесот за пристапување во Европската Унија. Ова е ставот на вицепремиерот Бојан Маричиќ кој пак додава: „ Далеку сме од тоа да ја завршиме работата“. Не сакаше да лицитира со години кога Македонија ќе биде примена во унијата. Вели дека е оптимист тоа да биде во 2027 година.
„Ако ги гледате извештаите на ЕК, ќе видиме дека државата анализирано по кластери стои добро со државите кои разговараат 10 години. Значи не сме изгубиле време. Далеку сме од тоа да ја завршиме работата. Но, сме со цел да ја исполниме во реален рок. Најоптимистички, рамката за претпристапна помош завршува во 2027 година, а ние треба да се бориме таа да важи за што помалку држави, а пристапните фондови за повеќе држави. Не е добро да се лицитира со години, но нам ни е целта првото наредно проширување, кога и да се случи, С. Македонија да биде дел од тоа проширување. Тоа е достижно ако работиме во имплементација на стандардите на ЕУ“, кажа Маричиќ.
Прашан кога ќе бидат достапни пристапните фондови, кои важат за државите кои преговараат за Европската Унија, Маричиќ не одговори. Тој наместо одговор на ова прашање кажа: „До фондовите кои важат за државите членки, ќе имаме пристап кога ќе станеме држава членка“.