Македонија
Како немоќ и паника бугарскиот претседател Радев го опиша бришењето на „Иван Михајлов“ од Регистарот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/11-radev.jpg)
Одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника. Ова го изјави претседателот Румен Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.
„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и немоќ бидејќи властите во Северна Македонија мора, конечно, да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не од сега, туку со векови. Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избришат цврстата определба на Бугарија и на нашите европски партнери – Република Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во нивниот устав“, рече тој.
За бришењето на клубот од Регистарот претходно остро реагира и бугарското МНР. Министерството изрази силна загриженост поради, како што велат, доследните активности на Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница.
Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ вчера беше избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да се преименува во согласност со измените во Законот за здруженијата и фондациите поради фашистичкото име, но наместо да го почитува законското решение, најави тужба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.