Македонија
Караџовски: Не сме мафијаши, а Комисијата ќе работи до последната капка пот

Доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести вели дека нема да дозволи никој да ги оцрнува Комиисјата за заразни болести и нејзините членови и дека никогаш тој и неговата фамилија не биле мафијаши, ниту дека се продаваат за ситни пари, а во однос на прозивките од опозициската партија.
„Во Комисијата сум член 26 години и кога другите партии биле на власт, ние сме биле тука професионалци од областа. Сега нè обвинуваат дека сме зеле грдни пари, дури дека за ситни пари се продаваме и дека сме мафијаши. Јас и мојата фамилија не се продаваме за ситни пари што некој ни ги поттурнува. Ако некој треба да поднесе оставка, треба да ни аргументира зошто. Ако сакаат, нека донесат нови луѓе во Комисијата, лично јас ќе ги примам заутре во 8 часот. Нека повелат сите што немаат доверба во Комисијата и нека дадат свое стручно мислење. Не дозволувам никој да си игра со нашите фамилии, со увредите уперени кон мене и кон Комисијата, не давам влакно да ѝ фали. Таму има професионалци со 30-годишно искуство и не дозволуваме никој да нè прави мафијаши и корумпирани. Велат сум имал баснословни пари, но ќе ви кажам дека имам автомобил стар 18 години, еве го тука паркиран и имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше. Нека каже некој стручен, полиција или истражен орган дали имам земено екстра пари, што ми има потпишано Комисијата, а јас да сум ги примил. Нека дојде меѓународна комисија тоа да го провери“, рече Караџовски.
Тој додаде дека Комисијата ќе работи до последните капки пот и дека нема да го остави населението на цедило.
Министерот Филипче, пак, ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да собере доблест и да не го блокира законот за заштита на населението од заразни болести затоа што така ќе му наштети и на здравствениот систем и на граѓаните.
„Опозцијата, ако сакаше да помогне, сега ќе имавме 16 болници. Тие законот го блокираат и сега ние ги блокираме болниците, кои можеше да останат чисти. Еве сега сакаат да го блокираат и законот за заштита на населнието од заразни болести. Го одложија за една недела од нејасни причини. Кажаа дека имале некои работи шот треба да се дорасчистат, кажавме дека сме спремни да разговараме да доприцизираме и најдеме заеднички јазик, но ете законот се одложи за една недела. Искрено се надевам дека ќе соберат доблест и храброст утре да го изгласаат законот“, порача министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.