Контакт

Македонија

Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“

Објавено пред

Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.

dobivaj vesti na viber

„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. За еден обвинет, кој преземал потешки дејствија за да го попречи службеното лице и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, и истовремено Судот на тој обвинет му одреди и други обврски кои ќе бидат предмет на заштитен надзор.

dobivaj vesti na viber

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги склучи предлог- спогодбите по целосно прибирање и анализа на доказниот материјал поврзан со настанот кој се случи на 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје. Имено, во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални искази од вработени лица во М-НАВ како сведоци на настанот и од оштетеното службено лице, како и извештаи за безбедноста на авиосообраќајот во критичниот момент од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од меѓународната агенција Еуроконтрол. Овие докази не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај и од тие причини повеќе не опстојува кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од Кривичниот законик за што беше поведена истрага.

Од видео материјалот прибавен во истрагата и исказите на оштетениот и сведоците произлегува дека единствено се исполнети обележјата на кривичното дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие и тоа согласно ставот 3, за кој е запретена казна затвор од 3 месеци до 5 години. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара и доби согласност од Вишото јавно обвинителство Скопје за промена на правната квалификација под која се водеше досегашната постапка.

Обвинетите, со заедничко дејствие на извршување, со сила дека непосредно ќе нападнат врз телото на оштетениот – лице што во рамките на своите овластувања врши работи од јавен интерес како контролор на летање, го спречиле во вршење на службеното дејствие. Откако влегле во објектот на М-НАВ спротивно на одредбите од Правилникот за редот и дисциплината на вработените во навигациското тело, тие започнале насилнички и навредливо да се однесуваат кон оштетениот вработен.

Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица во пределот на лицето на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација.

Соочени со доказите за ова кривично дело, обвинетите изразија подготвеност да склучат предлог – спогодба со обвинителството и да ја прифатат осудителната пресуда. При одмерување на определените санкции беа ценети сите околности и дејствијата на секој од осомничените во предметот поединечно, отсуството на трајна последица, како и судската пракса за осуди за вакви кривични дела.

За осмиот осомничен опфатен со првичната истрага постапката е запрена, бидејќи тој не учествувал во дејствијата на спречување на службеното лице во вршењето на работите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Деспотовски: Битола е желна за промени – гласни барања за раскрстување со досегашните политики и начин на избор на кадровски решенија во СДСМ

Објавено пред

Пред преполна сала во општинската организација во Битола, кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски ја презентираше програмата Нов почеток за нов СДСМ со кој се предвидуваат суштински реформи во партијата и зајакнување на општинските организации и нивен удел во носењето одлуки и креирањето политики.

dobivaj vesti na viber

„Битола е желна за промени. Членството бара радикален дисконтинуитет со досегашните политики и кадровски политики. Партиските другари се погласно бараат ново раѓање на партијата. Нашата програма е напишана токму со таква цел. Имавме одлична дебата и слушнавме многу конструктивни предлози, особено за тоа како да ги активираме младите и како повторно да им се слуша гласот, но и како секој од нас постарите членови, особено оние кои биле маргинализирани во последниве години, може да придонесе во реформа и напредок на партијата“, изјави Деспотовски.

За таа цел се предвидува формирање на Форум и Совет на искусните. Во ова тело ќе членува широк круг на поранешни партиски и функционери на централно и локално ниво и ќе заседава најмалку еднаш годишно. Членовите на Форумот ќе се избираат така наречен Совет на искусните кој ќе заседава на редовни месечни средби (по потреба и почесто), особено во периоди пред избори, или пред донесување битни и стратегиски одлуки.

Советодавната улога на ова тело ќе се однесува во прв ред кон раководството на партијата и ќе формира и свои оперативни тела, составени од членови на советот или други членови на партијата, а тие тела на советот ќе ја помагаат работата на раководството на партијата и на претседател.

„Нашата партија има долга традиција и најголемо искуство на политичката сцена во државата. Тоа искуство е драгоцено и не смее да биде занемарено. Напротив, од искусните личности во партијата се очекува да преземат водечка улога во градење стратегии и правци на дејствување на партијата“, рече Деспотовски.

Деспотовски пред членовите повторно нагласи дека во трката влегува до крај без пазарење, и дека „негов грб“ се членството.

„Ако успееме да го истераме внатрепартискиот процес чист до крај, тоа ќе ни биде првата победа после изборниот пораз. Тоа што ве има овде во толкав број и што дојдовте со конструктивни идеи и прашања за тоа како понатаму, ме охрабрува дека навистина има луѓе кои веруваат во шансата за нов почеток за оваа наша заедничка партија“, порача Деспотовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

41 крводарителска акција од јануари годинава организираше општинската организација Црвен крст-Центар

Објавено пред

По повод Светскиот ден на крводарителството Општина Центар известува дека Општинската организација на Црвен Крст Центар од јануари до мај 2024 година, има организирано 41 крводарителска акција во која се обезбедени 1938 крвни единици.

dobivaj vesti na viber

„Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот. Општина Центар во соработка со Црвен Крст секоја година организира по 3 крводарителски акции односно 4 пати во една календарска година. За учество во крводарителските акции и успешно спроведените заеднички проекти Црвен крст пред неколку месеци му додели признание на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски“, се истакнува во соопштението.

Во него се појаснува дека Општина Центар реализира низа успешни проекти меѓу кои годинава за првпат за лицата со попреченост да добијат бесплатен превоз до здравствените установи. Одличен хуман проект со кој општината го олеснува животот на оние на кои тоа им е најпотребно.

Соработка има и во рамки на едуцирање на децата од градинките за здравите хигиенски навики како и едуцирање на предшколскиот и наставниот кадар со учениците од 8 одделение како да постапуваат во ургентни ситуации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија3 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ3 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија4 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа4 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет4 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион4 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион21 час

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија21 час

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија23 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...