Македонија
Кај починатото бебе од Прилеп била најдена ешерихија коли во дишните патишта при приемот на Детската клиника, вели директорката Нацева-Фуштиќ
Бактерија ешерихија коли била најдена во дишните патишта кај бебето од Прилеп, кое почина вчера на Детската клиника во Скопје. Лекарите ја откриле бактеријата при прегледот за време на приемот во Скопје, вели директорката на Клиниката, Стојка Нацева-Фуштиќ, за „Макфакс“. Таа потврди дека бебето ги имало двата најголеми индикатора на сепса за што вели дека не може ниту да се претпостави каков замав ќе земе. Бебето од Прилеп било примено на Детската клиника на 5 ноември во лоша состојба, млитаво, со нарушена свест и со повремени прекини во дишењето.
„Бебето кај нас беше примено со висок прокалцитонин, кој е маркер за воспалителни процеси во телото и еден од индикаторите за рана неонатална сепса. Исто така, беше утврдена и нарушена коагулација, во сите испитувани времиња коагулацијата на крвта беше нарушена, што исто така е индикатор за сепса. Од дишните патишта на бебето беше изолирана бактеријата ешерихија коли, која се смета за еден од најчестите причинители на сепса, но бактеријата не беше потврдена во хемокултурата. Имаме два наода на хемокултура, кои се негативни, но треба да имаме предвид дека бебето веќе беше на антибиотска терапија. Состојбата му се влошуваше, му откажаа бубрезите, имаше попрогресивен тек на болеста, нешто што не може да се предвиди каков замав ќе земе, а исходот беше летален седум дена по приемот кај нас“, вели директорката Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“.
Пред да стигне на Детската клиника во Скопје бебето три дена било во болницата во Прилеп. Мајката на социјалните мрежи сподели сомневања во лекарите за кои вели дека првин почнале да ја подготвуваат да си замине дома по пордоувањето заедно со бебето, но за кусо време ѝ кажале дека мора да ги задржат дополнително со објаснување дека бебето има жолтица. Таа вели дека ѝ кажале дека родила здраво бебе, кое во првата минута од животот ги добило највисоките оценки, АПГАР 10, и никој не ја известил за некаков проблем, па прашува што се случило за таа дома да си замине со празни раце.
Директорката Нацева-Фуштиќ нема сомневања дека се работи за рана неонатална сепса предизвикана при породувањето.
„Индикаторите за сепса ние ги откривме уште третиот ден по раѓањето кога бебето беше донесено кај нас. Такви инфекции се појавуваат за време на породувањето кога бебето минува низ родилните патишта или, пак, при предвремено пукање на воденикот. Во случаи кога инфекцијата е пренесена од персоналот, индикаторите за сепса се јавуваат подоцна, на седмиот ден, и ова е податок што секој педијатар го знае, но секако во болницата во Прилеп веќе се прават анализи“, вели директорката Нацева-Фуштиќ.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес извести дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.