Контакт

Македонија

Ковачевски го повика Милошоски да не го блокира законот за рестриктивни мерки откога на црната листа на САД се најдоа Јакимовски и Јанева

Објавено пред

Одлуката да ги стават на црната листа градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, и поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, САД ја носат врз основа на информации со кои располагаат, смета експремиерот Димитар Ковачевски. Тој денес јавно го повика патеникот Антонијо Милошоски да не го блокира предложениот закон за рестриктивни мерки, со кој лицата од црните листи на земјите што ни се стратешки партнери ќе може да бидат процесирани преку домашното законодавство.

„Се работи за одлука што ја носат американските институции врз основа на информации со кои тие располагаат. Со оглед на тоа што САД се наш стратешки партнер, исто како и Европската Унија и Обединетите нации, Владата подготви закон за рестриктивни мерки. Поднесен е до Собранието. Ги повикуваме пратеникот Антонијо Милошски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура. Очигледно е дека тој од некаква причина го блокира тој закон да не биде ставен на комисиска расправа и да не биде донесен. Доколку не планираат да го стават, тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да биде донесен во Собранието“, рече Ковачевски.

Неговата партија вчера и преку соопштение до медиумите го повика Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, да го стави на дневен ред предложениот закон и да го поддржат за да биде изгласан.

СДСМ јавно побара поддршка за предложениот закон за рестриктивни мерки откога Стејт департментот вчера соопшти дека на црната листа се ставени Јакимовски и Јанева. Јакимовски оти како градоначалник бил вмешан во коруптивни дејства, користење на положбата за мешање и попречување на урбаното планирање, набавки во негова корист и во корист на неговите соработници, а Јанева оти е вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

-Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при што се реализирани над 1.250 вработувања во јавноздравствениот сектор, од кои значителен дел се медицински сестри. Во насока на подобрување на економската состојба на здравствените работници, минатиот месец е потпишан колективен договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој е предвидено покачување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за натамошен раст на платите во наредниот период, истакна министерот Алиу во обраќањето на свечената академија, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ЗМСТАМ.

Министерството останува посветено на континуирана надградба на здравствената инфраструктура, унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски изнесува неточни тврдења за статусот на македонскиот јазик во европските процеси.

Тој оцени дека, како што рече, Мицкоски „лаже“ кога зборува за загрозување на јазикот.

„И кога го спомнувате јазикот. Многу битна тема, поради тоа што многу често се користи како изговор, премиерот го спомнува идентитетот, јазикот и така натаму. А тоа е само уште една тема на којашто гледаме дека човекот е лажго. Премиерот лаже. Прво, кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добиваме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имало некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па да повторам дека лажеше дека ќе го поништи и не го признава Преспанскиот договор. И после тоа дојде Францускиот предлог, во којшто јасно стои дека македонскиот јазик го признаваат сите земји членки на Европската Унија. Во Францускиот предлог, односно точно во преговарачката рамка стои македонски јазик. И со тоа бугарскиот парламент ја изгласа преговарачката рамка за нас. Таму стои македонски јазик. Ниту како е цитирано во Уставот, ниту фуснота. Чист македонски јазик“, потенцираше Филипче.

Со тоа, паѓа во вода и таа лага на премиерот дека некако македонскиот јазик е загрозен, додаде претседателот на СДСМ, потенцирајќи дека во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, изгласан од сите земји членки на Европската Унија

„И тоа е вистината. И тоа граѓаните мора да го знаат. Да не ги лаже веќе премиерот дека тој е некаков голем патриот. Тој е лажен патриот“, заклучи Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација за да ја заштити криминалната банда

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација, со цел, како што рече, „да ја заштити криминалната банда“ и да го закочи европскиот пат на државата.

Филипче изјави дека вистинската закана за националниот идентитет не доаѓа од уставни измени, туку од криминалот и корупцијата.

„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што прават. Намерно сакаат да изолираат земјава од Европа за да сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, рече Филипче.

Тој кажа дека продолжувањето на европскиот пат ќе значи примена на европските стандарди и правда.

„Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партиски вработувања, на државни, народни, граѓански пари. Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт33 минути

Реал без Мбапе против Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го одреди списокот на играчи за Ел Класико и гостувањето во Барселона, а на...

Спорт37 минути

(Видео) Селтик подобар од Ренџерс – Маеда со ножички ја потврди победата

Селтик го победи Ренџерс со 3:1 во спектакуларното Олд Фирм дерби и дополнително ја искомплицира борбата за титулата во шкотското...

Спорт45 минути

Треиумф на спектакуларниот Мартин во Ле Ман – Шпанецот победи во главна трка по пауза од 588 дена

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше на Големата награда на Франција, петтата трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот...

Свет52 минути

Путин предложи поранешниот германски канцелар да посредува во преговорите, Берлин одби

Германија го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да посредува во евентуални преговори меѓу...

Свет57 минути

Фицо: Ако Зеленски сака средба со Путин, треба директно да му се јави

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба директно телефонски да го контактира рускиот претседател Владимир Путин...

Свет2 часа

(Фото) Првиот авион со евакуирани патници од крузерот погоден од хантавирус полета од Тенерифе

Првиот авион со патници евакуирани од крузерот МВ Хондиус, погоден од епидемија на Хантавирус, полета од Тенерифе кон Мадрид. Станува...

Свет2 часа

(Фото+видео) Морски дрон со 100 килограми експлозив пронајден кај грчкиот остров Лефкада

Морски дрон опремен со околу 100 килограми експлозив бил пронајден во близина на грчкиот остров Лефкада, објави грчката радиостаница ЕРТЊуз....

Свет2 часа

(Фото+видео) Голем пожар во зоната околу Чернобил

Голем пожар избувна во зоната околу Чернобилска нуклеарна централа, а неговата површина во последните 24 часа се зголемила речиси десетпати....

Македонија2 часа

Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна...